Папата: Човекот без работа го губи своето достоинство

Папата: Човекот без работа го губи своето достоинство

Папата упати порака до учесниците на конференцијата во Неапол, на тема „Црквата и работата: Каква е иднината на младите на југот?“ во организација на бискупијата од Јужна Италија.

„Не може да се каже дека општеството е праведно ако на новите генерации не им понуди доволно можности за достоинствена работа“, напиша папата Фрањо во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, а која ја упати до учесниците на конференцијата во Неапол, на тема „Црквата и работата: Каква е иднината на младите на југот?“ Собирот започна на 8 февруари 2017 година, во организација на бискупијата од Јужна Италија. Пристигнаа поздрави и од италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Паоло Џентилони

„Кога човекот не заработува за својот леб, тогаш го губи своето достоинство,“ истакна Светиот Отец во пораката. Кога младите луѓе немаат перспектива – продолжи Папата – можат да станат лесен плен на криминални организации. Според тоа Светиот Отец се надева дека црковните заедници, заедно со институциите ќе настојуваат околу посветено барање на соодветни решенија за злото што се шири: невработеноста на младите и работата на црно како и за драмата на многумина работници кои се експлоатираат од алчност, заради менталитетот кој исклучиво гледа на парите, добивка и економска добивка на штета на човекот. (…)

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот