Папата: Црквата не „супер-клиника“ за неколкумина

Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Лекарската асоцијацијаCUAMM од Африка. Истакна дека основната здравствена заштита е основно право, а не привилегија, а лекарите – мисионери ги поттикна да го извршуваат своето дело на милосрдие: болниот да го лекуваат.

Ги одбравте најсиромашните африкански земји, најзаборавените подрачја, „последната милја“ на здравствените системи. Тие се географските периферии на кои Господ ве испраќа за да бидете добриот самарјанин, да му излезете вo пресрет на сиромашниот Лазар, преку „вратата“ која води од првиот во третиот свет. Тие се вашите „свети врати“ – рече папата Фрањо на членовите на Лекарската асоцијација од Африка CUAMM (Универзитетски колегиј кандидати за медицински мисионери)

Слушајќи го сведоштвото на лекарот – мисионер во Африка, Папата предупреди дека основното здравство – е основно право, а не привилегија – на луѓето често им е негирано во различни делови во светот и во многу подрачја во Африка; таму пристапот до здравствените услуги „сè уште е илузија“. Најсиромашните не можат да платат и често се исклучени од болничкото лекување, дури и за основните и темелните работи.

Во тој контекст Лекарите од Африка работат меѓу најранливите на сиромаштвото: мајките за да им обезбедат сигурно и достојно породување и на децата посебно новороденчињата. Во Африка мајките премногу често умираат за време на породувањето и премногу деца не ги преживуваат првите месеци од животот поради неисхранетост и болест – потсети Папата, поттикнувајќи ги медицинските мисионери да останат „во центарот на ранетото човештво“ затоа што во него го наоѓаат Исус. „Вашето дело на милосрдие ги лекува болните.“ „Бидете израз на Црквата која е мајка и која се наведнува над најслабите и се грижи за нив “ – рече Светиот Отец.

„Вие сте лекари „со“ Африка, а не „за“ Африка што е многу важно. Повикани сте да го вклучите африканскиот народ во процесот на растот одејќи заедно, делејќи ги драмите и радостите, болката и воодушевувањето – продолжи Папата. Народите се првите градители на сопствениот развој и првите одговорни. Знам дека се соочувате со секојдневните предизвици на бесплатноста и незаинтересираноста за давање на помош, без прозилетизам и окупирање на просторот. Ве поттикнувам да продолжите со својот пристап  кон локалните реалности, помагајќи им да растат и напуштајќи ги кога ќе станат независни, со перспектива за развој и одржливост – рече светиот Отец.

Исто така ги потсети лекарите дека Црквата не е „супер-клиника за VIP туку „полска болница“; Црква е со големо срце, блиска до многу ранети и понижени“ во служба на најсиромашните. На крајот поттикна да молат за него за „Господ секој ден да го прави сѐ посиромашен.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот