Во пораката до учесниците на конференцијата EcoOne еколошка иницијатива на Движењето на фоколарите, папата Фрањо истакна дека премногу е потребен нов и повклучлив општествено-економски поредок и дека треба да се прекине логиката на искористувањето и егоизмот.
Потребна е одлучна волја за развој и примена на конкретни мерки кои го поддржуваат достоинството на сите луѓе во нивните човечки, семејни и работни односи, сузбивајќи ги истовремено структурните причини за сиромаштвото и работејќи со цел заштита на природната околина – истакна папата Фрањо во пораката до учесниците на меѓународната конференција EcoOne. Станува збор за меѓународна културна иницијатива на Движењето на фоколарите која ја вклучува мрежата на професори, академици, истражувачи и стручњаци од подрачјето на науката за животната средина. Со средбата чија тема е „Нови патишта кон целосна екологија – пет години по Laudato si“сака да се размислува за влијанието на тој документ на современиот свет, со посебна анализа на улогата која поединци и општествени тела можат да ја имаат во грижата за нашиот заеднички дом.
Папата во пораката изразува благодарност до Движењето на фоколарите, претставниците на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој и Светското католичко движење, за соработка со цел остварување на тој настан. Истакнува дека конференцијата која се одржува во Кастел Гандолфо до 25 октомври го истакнува релациското гледање на човештвото и грижата за нашиот свет, појдувајќи од повеќе аспекти: етички, научен, општествен и теолошки. Потсетувајќи на уверувањето на Кјара Љубик дека светот во себе ја носи харизмата за единство, Папата изразува надеж дека таа перспектива може да ја води работата во препознавањето дека сè е поврзано.
Освен тоа, Светиот Отец истакна дека е итно е потребен нов и повклучлив општествено-економски поредок кој може да ја одрази вистината дека сме – како што стои во енцикликата Fratelli tutti, само еден човечки род, како минувачи создадени од исто човечко месо, како деца исти на оваа земја која нè угостува сите нас. Постигнувањето на целосната екологија – стои во пораката, бара длабоко внатрешно преобраќање, лично и на ниво на заедницата.
Осврнувајќи се на големите предизвици меѓу кои и оние поврзани со климатските промени, Папата истакна дека е многу важно да се прекине логиката на искористувањето и егоизмот, и да се промовира умерен, едноставен и понизен начин на живот. Нека вашата работа придонесе за негување во срцето на нашите браќа и сестри заеднички одговорности едни за други, како деца Божји и обновено ангажирање за да бидеме добри управители на целото создание, на Неговиот дар – поттикна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк