Папата: Христијанскиот живот мора да се вложува за Исус и да се троши за другите

Папата: Христијанскиот живот мора да се вложува за Исус и да се троши за другите

Христијанскиот живот мора да се вложува за Исус и да се троши за другите – истакна папата Фрањо во своја порака која ја објави на својот профил на Твитер, на 22 мај 2018 година.

А како што напомена за време на својата пасторална посета на јужноиталијанскиот град Молфети, откако се сретнавме со Воскреснатиот не можеме да чекаме, не можеме да одложуваме; треба да одиме, да излеземе и покрај сите проблеми и несигурности. Потоа го сврте своето внимание на примерот на Савле, откако разговрал со Исус иако слеп, станува и оди во градот. Го гледаме Ананиј кој иако во страв и неодлучен, вели: „Еве ме Господи!“ (Дела 9, 10) и оди веднаш кај Савле. Како што дон Тонино (Бело) сакал да зборува: Без разлика во која ситуација ќе се најдеме, повикани сме да бидеме носители на воскресната надеж, служители на светот, а не вработени. Убаво е да се биде гласник на надежта, едноставни и радосни делители на воскресното Алилуја – рече во таа прилика Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот