Во понеделник, 20 јануари 2025 година, папата Фрањо во аудиенција ја прими екуменската делегација од Финска, која е во Рим на ходочестие по повод празникот на заштитникот на Финска, Свети Хенрик, кој „продолжува да ги обединува христијаните од различни Црквите и црковните општини во заедничкото славење на Господа“. Да се сведочи за Божјата љубов – додаде Папата – е наш екуменски повик
„Како „ходочесници на надежта“, да чекориме заедно во оваа света 2025 година. На овој пат на верата нè утврдува Посланието до Евреите, кое нè повикува да ја задржиме непоколебливата вера на надежта „затоа што Оној кој го дал ветувањето е верен’“, истакна папата Фрањо, примајќи ја на 20 јануари 2025 година екуменската делегација од Финска по повод празникот Свети Хенрик. Во делегацијата се наоѓаше новиот поглавар на Финската православна црква, Ели, архиепископот на Хелсинки и цела Финска, католичкиот бискуп Раимо Гојарола од Хелсинки и лутеранскиот бискуп Мати Саломаки.
Како што рече папата Фрањо: „Свети Хенрик е икона на надежта, кој го наоѓа својот сигурен и цврст темел во Бога.“ Во исто време, Светиот Отец додаде: „Свети Хенрик како заштитник на Финска е симбол на единството дадено од Бога, бидејќи неговото почитување продолжува да ги обединува христијаните од различни Цркви и црковни заедници во заедничкото славење на Господа“.
Посочувајќи дека ходочестието во Рим е придружувано од хорови кои со својата музика го почитуваат Троичниот Бог, Папата додаде дека „Никејскиот Символ, кој сите го споделуваме, е извонредна „партитура“ на верата, а „симфонија на вистината“ е самиот Исус Христос, кој ја слуша оваа „симфонија на вистината“ – не само со ушите, туку и со срцето – таинството за Бога, кој ни се дава себеси, полн со љубов, во својот Син. На таа верна љубов се заснова надеж која не разочарува!“ нагласи Светиот Отец. „Сведочењето за оваа воплотена љубов е наш екуменски повик, во заедништвото на сите крстени“, заврши папата Фрањо, поттикнувајќи ги присутните заедно да се помолат со Господовата молитва, секој на својот јазик.
Ватикан њуз/к.мк