Папата Фрањо ќе ги посети Милано и Џенова

Папата Фрањо ќе ги посети Милано и Џенова

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека папата Фрањо во сабота на 25 март 2017 година ќеја посети надбискупијата Милано.

Кардинал Анџело Скола надбискуп на Милано го опишува настанот „како знак на близина и почитување на Црквата на свети Амврозиј митрополит на миланската црква и цела Ломбардија.“ Исто така изрази благодарност за одлуката на Папата „да нѐ посети и утврди во верата“ и додаде дека „го исчекуваат Светиот Отец со молитва, подготвувајќи се за овој голем дар.“

Во недела поладне Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека на 27 март наредната година ќа го посети Џенова. Папата свети Иван Павле Iiја посети Џенова во 1985 и 1990 година, Бенедикт XVI го посети градот во 2008 година. Надбискуп на Џенова е кардинал Анџело Бањаско, кој истовремено е и претседател на Бискупската конференција на Италија.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот