Папата Фрањо: Јубилејната година во знакот на Дева Марија

На празникот Вознесение на Блажена Дева Марија со телото и душата во небото, папата Фрањо го молеше Ангеловиот поздрав заедно со верниците, кои се собраа на плоштадот Свети Петар.

За значењето на овој празник и врската помеѓу Хорхе Марио Бергољо и Божјата Мајка, Радио Ватикан направи интервју со кардинал Анџело Комастри, генерален викар на Папата за Ватикан.

Денес овој празник е особено актуелен, дури и за нашето општество, како и за времето во кое живееме. Ова е време на култ кон телото, но за жал, одделено од душата. А убавината на телото доаѓа од убавината на душата! Марија беше убава во душата, во своите чувства, убава во своето смирение. Марија беше убава во својата великодушност, Марија беше убава во апсолутната посветеност на Својот Син, Спасителот и тоа е таа возвишена убавина која го допре и нејзиното тело и ја вознесе во небесата.

Папата Фрањо го доживува сето ова со детска чистота во душата. Често се сеќава за детството и како баба му го научила да се моли. Сигурно за него, таа претставува фигурата од која ја добил љубовта кон Дева Марија.

На прашање за кардиналот Комастри, колку папата Фрањо е поврзан со Дева Марија од Лухан, Буенос Аирес и колку тоа ја одредува неговата посветеност кон Богородица, кардиналот одговори:

„Враќајки се од патување Папата со букет цвеќе е во базиликата Света Марија Велика: овој факт, сам по себе зборува многу, со својата специфичност. И токму за тоа допира до срцето, испраќа порака дека Папата се чувствува како дете кое сака да се фрли во прегратките на мајка си, дете кое има потреба, да и раскаже за патувањата, за преживеаните тешкотии. Еве што значи букетот цвеќе, кој го става на олтарот.

Јубилејната година на милосрдието, ќе започне со одлука на папата Фрањо, на 8 декември, празникот на Безгрешното зачнување. Кардиналот Комастри појасни: „Безгрешното зачнување е првичниот план на Бог, кој сака од сите нас да сме непорочни, чисти, во нашата безгрешна убавина, која веќе исчезнала низ историјата, поради човечкиот грев, но почнува повторно со Марија .. прогласувањето на Јубилеј на милосрдието на денот на Безгрешното зачнување, Папата како да ни вели: „Тоа е сонот на Бог“, сите ние можеме да направиме чекор за да се приближиме до сонот на Бог. Ајде да нѐ поведе Марија! Да се препуштиме да нѐ води Дева Марија: Таа ќе ни го покаже патот на милосрдието, патот по кој ќе ја повратиме целата убавина која сме ја изгубиле. Бог е подготвен; вратата небеска е отворена: да влеземе!“

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот