Во традиционалната порака Urbi et orbi – до градот и светот, упатена по светата Литургија во неделата на Велигден, 9 април 2023 година, папата Фрањо се помоли на дарот на мир за Украина и молеше да се излее Божјата воскресна светлина врз рускиот народ. Се помоли за Сирија, Либан и Светата Земја и апелираше мачениците Рохинџи во Мјанмар да најдат правда и утеха за жртвите на тероризмот во Африка. Папата му ги довери на Господа христијанските заедници кои денес го слават Велигден во посебни околности, како оние во Никарагва и Еритреја.
Мир и молитва за Украина, Господ да ја излее воскресна светлина врз рускиот народ. Потоа дијалог меѓу Израелците и Палестинците, близина со погодените од земјотресот во Сирија и Турција, утеха за страдањата на Хаити, помош за Мјанмар и правда за мачениците Рохинџи; утеха за жртвите на тероризмот во Западна Африка и поддршка за христијанските заедници кои го слават Велигден во посебни околности, како оние во Никарагва и Еритреја и на други места каде што слободното практикување на верата е забрането. Од Ложата на благословот, централната ложа на ватиканската базилика, пред 100.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо во пораката и благословот Urbi et orbi – до градот и светот, упатена по неделната воскресна светата Литургија, на плоштадот Свети Петар, молеше за Божјиот дар на мир за светот кој пречесто е обвиен до темнина и мрак.
Драги браќа и сестри, Христос воскресе!
Премин од смрт во живот
Светиот Отец најпрвин потсети на значењето на Велигден. Во Исус се случи одлучувачкиот премин на човештвото: од смрт во живот, од грев во благодат, од страв во доверба, од очај во заедништво.
Во него, Господарот на времето и историјата, на сите со радост во срцето сакам да ви кажам: Среќен Велигден!
Мост кон животот
Папата во својата порака ги спомена болните, сиромашните, постарите и оние кои минуваат низ моменти на искушенија и умор. Не сме сами: Живиот Исус е со нас засекогаш. Нека се радуваат Црквата и светот, затоа што денес нашите надежи веќе не се рушат врз ѕидот на смртта, туку Господ отвори мост кон животот.
Да побрзаме да чекориме кон мирот
Надежта не е привид, таа е вистинска! – истакна потоа Папата. Патот на човештвото од Воскресението наваму е обележан со надеж, напредува побрзо. Згора на тоа, станува трчање. Затоа човештвото е повикано да побрза да се сретне со воскреснатиот Христос.
Да побрзаме и ние да растеме на патот на меѓусебната доверба: доверба меѓу поединците, меѓу луѓето и народите. (…) Да побрзаме да ги надминеме конфликтите и поделбите и да ги отвориме нашите срца за оние на кои имат најголема потреба. Да побрзаме да чекориме по патиштата на мирот и братството. Со нетрпение ги очекуваме конкретните знаци на надеж што ни доаѓаат од толку многу земји, почнувајќи од оние кои нудат помош и гостопримство на оние кои бегаат од војни и сиромаштво.
Молитва за Украина
На тој пат, сепак, има уште многу пречки, кои го прават нашиот пат до Воскреснатиот Господ макотрпен и заморен. На Него му ги упатуваме нашите молби: Помогни ни да трчаме кон тебе! Помогни ни да ги отвориме нашите срца!
Сето тоа се тие војни, братоубиствени поделби, непријателства и насилство кои го прават крвав светот. Папата ги спомна поединечно, почнувајќи од напатената Украина.
Помогни му на саканиот украински народ на патот кон мирот и излеј ја воскресната светлина врз рускиот народ. Утеши ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски во војната и дај воените затвореници здрави да се вратат кај своите семејства. Отвори ги срцата на целата меѓународна заедница да работи за ставање крај на оваа војна и на сите конфликти кои предизвикуваат крвопролевање во светот, почнувајќи од Сирија, која сè уште чека мир.
Близина со жртвите од земјотресот во Сирија и Турција
И понатаму мислејќи на Сирија, Папата побара поддршка – од Бога и од светот – за жртвите од земјотресот што ја опустошија и Турција.
Поддржете ги погодените од силниот земјотрес во Турција и Сирија. Да молиме за оние кои изгубиле членови на семејството и пријатели и останале без дом: нека добијат утеха од Бога и помош од семејството на народите.
Дијалог во Светата Земја и во Либан
На овој ден, Господи, ти го доверуваме градот Ерусалим, првиот сведок на твоето воскресение – рече потоа Светиот Отец и ја изрази својата загриженост за нападите во последните денови кои ја загрозуваат посакуваната атмосфера на доверба и меѓусебно почитување, што е многу неопходно за продолжување на дијалогот меѓу Израелците и Палестинците, со цел мирот да владее во Светиот град и во целиот регион.
Папата упати исто така силен апел и до Либан, кој сè уште има потреба од стабилност и единство, за да може да се надминат поделбите и сите граѓани да работат заедно за општото добро на земјата.
Хаити и Тунис
Римскиот бискуп не го заборави саканиот туниски народ, посебно младите и оние кои страдаат од социјални и економски проблеми, да не губат надеж и да соработуваат во градењето на иднина во мир и братство.
Сврти го својот поглед на Хаити, кој страда веќе неколку години поради тешката општествено-политичка и хуманитарна криза и поддржи ја посветеноста на политичките фактори и меѓународната заедница во барањето конечно решение за бројните проблеми што го засегаат ова население кое многу страда.
Процеси на помирување во Африка
Папата потоа ги спомена Африка, посебно Етиопија и Јужен Судан, со желба да се зацврстат мировните процеси и помирувањето преземени во тие земји и да се стави крај на насилството во Демократска Република Конго. Тој, исто така, побара утеха за жртвите на меѓународниот тероризам, посебно во Буркина Фасо, Мали, Мозамбик и Нигерија.
Потоа ја упати молитвата:
Помогни им Господи на христијанските заедници кои денес го слават Велигден во посебни околности, како што се Никарагва и Еритреја, и сети се на сите оние кои се спречени слободно и јавно да ја исповедаат својата вера.
Помош за Мјанмар, правда за Рохинџите
Помогни му на Мјанмар да чекори по патот на мирот и просветли ги срцата на одговорните за да најдат правда измачените Рохинџи– додаде Папата. Утеши ги бегалците, прогонетите, политичките затвореници и мигрантите, посебно најранливите, како и сите оние кои страдаат од глад, сиромаштво и штетните последици од трговијата со дрога, трговијата со луѓе и сите форми на ропство.
Никој да не биде дискриминиран
На крајот, папата Фрањо побара од Господ да ги вдахнови водачите на народите, ниту еден маж или жена да не бидат дискриминирани и со погазено достоинство; и да се залечат овие општествени рани со целосно почитување на човековите права и демократијата.
Секогаш и единствено да се помага за општото добро на граѓаните, гарантирајќи ја безбедноста и неопходните услови за дијалог и мирен соживот – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк