Папата Фрањо ја прими словенската премиерка

Ватикан, 14.6.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во четврток 13 јуни во Ватикан ја прими на аудиенција премиерката на Словенија Аленка Братушек. Во ватиканското соопштение се вели дека за време на разговорите се истакнати „постоечките добри односи помеѓу Светата Столица и Република Словенија и потврдена е заедничката желба за продолжување на конструктивниот дијалог за теми кои се однесуваат на односите меѓу црковната и граѓанската заедница”. Во соопштението се дава „посебно внимание на историскиот придонес на Католичката црква во животот на земјата и важноста да се брани верската слобода за развој на словенечкото општество”. Освен тоа, во разговорите станало збор и за „предизвиците пред земјата во сегашната економска криза и придонесот на католичката заедница, во соработка со државните институции, за социјална поддршка на општеството и за воспитувањето на новите генерации”. На крајот биле разменети ставови за прашања и проблеми од меѓународен карактер. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<