На празникот Свети Kирил и Методиј, 24 мај 2023 година папата Фрањо ја прими во аудиенција државнo – црковната делегација која ја предвдеше претседателот на собранието Талат Џафери. Во состав на делегацијата се отец протојереј ставрофор д-р Зоран И. Стојанов, пратениците Соња Мираковска, Дафина Стојаноска, Арбер Адеми, генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски, директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јовановска Грујовска, митрополитот европски г. Пимен, митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отец Митко Газинковски од Македонската православна црква- Охридска архиепископија.
Во традиционалната размена на подароци, Папата на Џафери му подари бронзено дело, Пораката за мир од 2023 година, Документот за човечко братство потпишан во Абу Даби и книгата за Статио Орбис од 27 март 2020 година, уредена од ватиканската издавачка куќа ЛЕВ.
Џафери му подари на Папата графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ која потекнува од 1837 година од Ново Село, Штип. Папата доби и примерок од документарниот филм „Јанѕа“ за Блаже Конески на македонскиот документарист Никола Т. Калајџиски. За десетгодишнината од Понтификатот, папата Фрањо од Џафери доби и длаборезана кутија за чување лични работи.
По средбата со Папата Џафери се сретна и државниот секретар на Светиот Престол кардинал Пјетро Паролин, придружуван од секретарот за односи со државите и меѓународни организации монсињор Ричард Галагер. За време на разговорите беа допрени прашања од меѓународен карактер, меѓу кои војната во Украина, политичката ситуација на Западен Балкан и перспективите на регионот во процесот на европска интеграција.
Ватикан њуз/к.мк