Светиот Отец ја предводеше светата Литургија на празникот Воскресение Господово 4 април во ватиканската базилика Свети Петар.
Папата славењето го започна со отворање на иконата на Воскреснатиот Христос и со поросување со благословена вода.
После читањето на Словото Божјо на шпански и англиски јазик и навестувањето на Евангелието на латински и грчки Светиот Отец не одржа хомилија, туку седеше и остана неколку минути во тишина заради лично размислување.
По завршувањето на Службата на Словото, во евхаристиската служба го молеше Римскиот канон.
На крајот на светата Литургија папата Фрањо му изрази добредојде на новиот архипрезвитер на базиликата Свети Петар кардинал Мауро Гамбети и воедно се заблагодари на неговиот претходник кардиналот Анџело Комастри за 16 годишното служење. Исто така се заблагодари на сите кои се труделе во подготовката на обредите за Пасхалното тродневие.
Со Папата на светата Литургија сослужуваа 24 кардинали и четири епископи. Во базиликата се собра само околу 150 верници заради епидемиолошките мерки. Но, преку медиумскиот пренос следеа илјадници луѓе во целиот свет. Во склоп на проектот „Никој да не биде искучен“ Дикастеријата за комуникација обезбеди превод на знаковен јазик
Олтарот и Престолот со цвеќе го укрсија холандиски цвеќари кои на Велигден редовно тоа го прават во последните 35 години, освен минатата година кога заради пандемијата тоа не беа во можност да го остварат.
Ватикан њуз/к.мк