Папата Фрањо ја отвори кампањата на Каритас „Сподели патување“

Папата Фрањо ја отвори кампањата на Каритас „Сподели патување“

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 27 септември 2017 година ја отвори глобалната кампања за миграција. Двегодишната иницијатива на Меѓународниот Каритас (Caritas Internationalis) носи наслов „Подели патување“ во која ќе учествуваат сите Каритас членки во светот, а има за цел зајакнување на односите меѓу мигрантите, бегалците и заедниците. Станува збор за одговор на Каритас по повикот од Папата за култура на средба и со отворени срца и ум да гледаме на луѓето кои се во движење. Претседателот на Меѓунардониот Каритас и надбискуп од Манила, кардинал Луис Антонио Тагле, во разговор за Радио Ватикан истакна дека спомнатата иницијатива сака да ги повика луѓето зад бројките и статистиката да ги види реалните луѓе.

Тој објасни дека главна цел на кампањата е „враќање кон Билијата“, духовноста на Словото Божјо во која се гледа дека Бог секогаш е наклонет кон најранливите, а меѓу нив се мигрантите и странците. Самиот Исус ја поистоветува својата присутност со оној странец: странец бев и ме примивте“ (Матеј 25,35), рече кардиналот и продолжи: Со оваа иницијатива сакаме да го потсетиме христијанскиот свет, а посебно човештвото на оваа важна порака.

Надбискупот на Манила истакна дека кампањата ќе ја промовира социјалната наука на Црквта и ќе покаже „човечко лице“ кон мигрантите на кои често се гледа како на чисти бројки. Иницијативата го прифаќа повикот и зборовите на папата Фрањо да се „прифатат, заштитат, да се промовира целосен човечки развој и да се интегрираат“ мигранти и бегалци, кои се принудени да ги напуштаат своите домови. Со оваа кампања се надевавме дека ќе поправиме некои негативни митови за мигрантите и миграцијата, ќе се реши од основа присилната миграција и ќе влијае на Global Compact, како миграцијата би била безбедна за луѓето.

Откако кардиналот Тагле истакна дека миграцијата секогаш била дел од човечката историја, рече дека неодамнешните трендови нѐ повикуваат да погледнеме на причините за присилната миграција, да бидеме свесни за насилството на кое многумина се изложени, како и на новите облици на ропство, кои се произлезени од тој феномен.

Претседателот на Меѓународниот Каритас напомена дека посебно загрижува ранливоста на младите луѓе. Ако не одговориме на таа хуманитарна криза со помош на сите влади и заедници, ќе имаме генерации луѓе на кои ќе им биде уништена нивната надеж за иднината – предупреди кардиналот и објасни дека Црквата и Каритас бараат промена на менталитетот, преобраќање. Наместо демонизација на мигрантите и изградба на ѕидови, треба да создадеме основа за култура на средби, кои на крајот ќе ги уништат ѕидовите со предрасуди.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот