Папата Фрањо ја осуди идеолошката колонизација

Папата Фрањо ја осуди идеолошката колонизација

Во објава на социјалната мрежа „Х“, во сабота, 13 јануари 2024 година, папата Фрањо ја осуди идеолошката колонизација.

Во текот на својот понтификат папата Фрањо често го користи терминот „идеолошка колонизација“. Во интервјуто со Елизабета Пике за аргентинскиот дневен весник „La Nación“ објавено на 10 март 2023 година, Папата рече дека родовата идеологија е една од најопасните идеолошки колонизации на денешницата. Тој истакна дека пишува за неа „од причина што некои луѓе се малку наивни и веруваат дека тоа е патот кон напредокот“.

Во таа насока, Папата во порака на социјалната мрежа „Х“ во сабота на 13 јануари 2024 година напиша: „Мирот бара почитување на Универзалната декларација за човекови права. Обидите за воведување нови права, кои не се секогаш прифатливи, предизвикуваат идеолошки колонизации кои создаваат поделби и не промовираат мир, како во случајот со родовата теорија.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот