Во рескриптот објавен во вторник, на 25 јули 2023 година, папата Фрањо ја основа фондацијата „Ван Туан“, која ќе ги замени фондациите „Добриот Самарјанин“ и „Правда и мир“.
Рескриптот на Светиот Отец стапи на сила во вторник, 25 јули 2023 година, во согласност со канонот 120, член 1 од Кодексот на Канонското право, кој повикува на укинување на фондациите „Добриот Самарјанин“ и „Правда и мир“, а на нивно место се основа фондациијата „Ван Туан“, именувана по виетнамскиот кардинал кој почина во 2002 година.
Од 1998 година до неговата смрт, кардинал Франсоа-Ксавиер Нгујан Ван Туан беше претседател на тогашниот Папски совет за правда и мир. Неколку децении пред тоа, тој беше затворен на 13 години во затворите во Виетнам. Процесот за негова беатификација е во тек.
Документот, кој е одобрен на аудиенцијата на 3 јули 2023 година со кардиналот Мајкл Черни, префект на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој, Папата исто така утврди дека, во очекување на новите статути, преостанатото наследство на фондациите Добриот Самарјанин и Правдата и мир ќе бидат префрлени во новооснованата фондација „Ван Туан“.
Ватикан њуз/к.мк