Папата Фрањо ја повтори својата близина со мозамбискиот народ сретнувајќи се со епископот од Пемба, Луис Фернандо Лисбоа, за страдањата предизвикани од борбата за контрола на природните извори.
Уште еден знак за близина и голема љубов на папата Фрањо кон народот во Мозамбика и посебно кон жителите на измачената провинција Кабо Делгадо – изјави бискупот Луиз Фернандо Лисбоа на 18 декември 2020 година, по средба со папата Фрањо
За време на средбата, кој траеше околу 40 минути, бискупот му зборуваше на Папата за тешката хуманитарна состојба во провинцијата во северниот дел на Мозамбик, каде веќе неколку години беснеат големи вооружени судири, со инфилтрирани муслимански војници за контрола на природните извори. Имено, во 2010 година, покрај крајбрежјето беше откриено едно од најголемите наоѓалишта на природен гас. Последиците од конфликтот ги плаќаат цивили; во последните три години, најмалку 2.000 луѓе ги загубија животите, додека околу 600.000 луѓе се протерани од своите домови – рече монс. Лисбоа
Освен тоа бискупот истакна дека папата Фрањо неодамна испрати финансиска помош до бискупијата за оние кои мораа да ги напуштат своите домови и потсети на апелот што Папата го упати на Велигден, во пораката Urbi ete Orbi на 12 април, кога ги повика сите да не ја заборават таа тешка хуманитарна криза. Монс Лисбоа спомна и дека во август Светиот Отец го контактирал телефонски и повторно ја изразил својата тага и неговата близина. Во таа прилика бискупот му кажал: „Свети Оче го ставивте Кабо Делгадо на картата на светот“.
Папата Фрањо зборуваше за состојбата во таа земја веќе за време на неговото апостолско патување во Мозамбик, во септември минатата година. Неговата интервенција е важна – истакна бискупот – затоа што ја интернационализира оваа криза и им помага на другите да се чувствуваат одговорни во давањето одговор. Навистина, додаде тој, помош доаѓа од целиот свет. Папата продолжува да ги следи настаните и постојано се моли за настраданото население – рече бискупот од Лисбоа.
Ватикан њуз/к.мк