Под мотото „Дај да станам средство на твојот мир“, дел од молитвата која свети Фрањо Аисшки пред осум века ја искажа за време на посетата на египетскиот султан Малик ал Камил, започна 27. Апостолско патување на Папата, со церемонијата на дочек во Абу Даби на 4 февруари.
Претходната вечер на меѓународниот аеродром покрај другите угледни црковни и државни претставници папата Фрањо беше пречекан и од апостолскиот нунциј во Обедниетите Арапски Емриати, надбискупот Франчиско Монтечило Падила, престолонаследникот Мохамед бин Зајед Ал Нахијан и големиот имам на универзитетот Ал Азхар во Каиро, Ахмад Ал Тајеб, главниот академски теолошки центар на сунитскиот ислам, кој го пречека Папата со братска прегратка. Потоа папата Фрањо се упати во почесната резиденција за угледни гости Палатата Мушриф, каде ќе престојува за време на престојот во Абу Даби, затоа што засега во ОАЕ нема нунцијатура.
На официјалната свеченост за добредојде во прекрасната претседателска палата завршена во 2017 година, Папата пристигна со автомобил во придружба на претседателската коњаница, додека авиони надлетуваа над градот испуштајќи траги на ватиканското знаме со жолто – бела боја. Приватниот разговор со принцот Мохамед бин Зајед Ал Нахијан траеше дваесетина минути. Папата му се заблагодари за срдечниот пречек и повика благослов на мирот и братска солидарност, дарувајќи му медалјон на кој е прикажана средбата на свети Фрањо и султанот Малик ал Камил, пред 800 години, а престолонаследникот му возврати со нотарски документ од 1963 година, со кој ОАЕ се обврзуваат да даруваат земјиште за изградба на првата црква на тоа подрачје. Следуваше приватна средба со членовите на Муслиманскиот совет на старешини во Големата џамија шеик Зајед.
Потоа Папата се упати на меѓународниот меѓуверски собир за „Човечкото братство“ во културниот центар „Founder’s Memorial“, каде ќе го одржи првиот говор во рамки на ова апостолско патување.
Ватикан њуз/к.мк