Папата Фрањо: Човек за „времето на милосрдие“
Папата Фрањо е 266 папа во историјата на Црквата. Прв Папа од Дружбата на исусовците, прв Папа од Латинска Америка, прв Папа кој го зема името Фрањо…
Ретко кој Папа во историјата на Црквата предизвикал поделени мислења и неодредени ставови во јавноста како тој. Кај некои многу популарен, кај други голема контроверза. Едни велат дека Црквата ја приближил до нејзините непријатели, а неа ја одделил од нејзините пријатели. За едни тој е човек со „топло срце“, а за други човек кој прави опасни компромиси со светот, бидејќи сака „да биде сакан од сите!“ За едни е Папа „кој нема теолошки говор, кој премногу раскажува…“ а за други „едноставен човек полн со изненадувања, човек кој не почитува протоколи, туку според срцето, љубител на сиромаштвото, заштитник на слабите, болните, отфрлените, човек кој ја повикува Црквата да излезе на маргините, на улиците, да се посвети на отфрлените…
Ниту еден човек не е совршен. Ниту првиот Папа свети Петар не бил. Библичарите толкуваат дека избирајќи ги апостолите, Петар за поглавар на својата Црква, Исус сака да нагласи дека неговата Црква не се темели на човечката сила и мудрост, туку на понизноста, признавањето на сопствените слабости и бескрајна доверба во милосрдието Божјо. Можеби затоа „идејата водилка која го осветлува и одредува патот на папата Фрањо е милосрдието, ѕвездата на милосрдието!“ и заради тоа прогласи Јубилеј на милосрдието кој ќе започне на празникот на Безгрешното зачнување во 2015 година, а ќе заврши на 20 ноември 2016 година на празникот Христос цар на сите созданија.
Папата Фрањо често зборува за милосрдието, па така на Ангел Господов од 11 јануари 2015 година вели: „Денес постои толку силна потреба за милосрдие и важно е верниците лаици да го живеат и носат во различните општествени средини. Само напред! Ние живееме во време на милосрдие, ова е време на милосрдие.“ Понатаму во својата порака за постот 2015 пишува: „Голема желба ми е на сите места во кои Црквата е присутна, посебно нашите парохии и нашите заедници да станат острови на милосрдието среде морето на рамнодушноста.“ Во италијанската верзија на текстот на неговото прво Апостолско писмо „Радоста на Евангелието“ изразот милосрдие се јавува 31 пат. Па, иако од 13 март 2013 година е врховен поглавар на Католичката Црква, папата Фрањо е само човек на кои му е потребно милосрдието и нашите молитви. (…) Останува сепак прашањето како се обликувал начинот на неговото суштествување и делување? Зошто папата Фрањо е таков каков што е? Некои клучни делови од неговиот животопис можеби ќе би помогнат подобро да разбереме.
Вистинското име му е Хорхе Марио Бергољо, четврто од петте деца во семејството на италијанскиот доселеник, па така има и аргентинско и италијанско државјанство. И него како и на сите нас го одредиле сопствените животни искуства како на пример посетата на баба Роса која често ја спомнува и за која вели дека му била најважниот воспитувач во верата: Баба Роса доаѓаше по мене, ме водеше дома… Моите баба и дедо меѓу себе зборува пиемонтски така и јас научив. Тоа објаснува зошто денес толку уверено го владее италјанскиот „без хартија може да комуницира со луѓето.“ Неговите пријатели сведочат дека скромниот семеен живот, внимателноста во трошењето на парите, со исусовската духовност го направиле толку чувствителен кон сиромашните и оние во потреба.
Во своите говори и во своето однесување, папата Фрањо открива дека е близок до „малиот човек“. Тоа е можеби затоа што како младо момче се одлучил за струката хемиски техничар, а со студирањето работел и во фабрика, најпрво чистејќи ги погоните, потоа помагал во водењето на книгите, на крајот во лабараторија. Многу сум му благодарен на својот татко што ме испрати да работам. Работата беше една од највредните работи во мојот живот, а во работилницата особено го научив доброто и лошото во секоја човечка активност. Љубовта кон музиката ја наследил од мајка му како и вештината за готвење. На прашањето дали е добар готвач, одговара со шега: „Од мојата храна никој не умрел.“
Медиумите се полни со негови фотографии на кои прегрнува или бакнува болни, мие нозе, го запира протоколот заради лице со посебни потреби, дозволува дете да се качи на олтарот… Веројатно чувствителен на човечкото страдање го направил искуството на сопствената тешка болест на белите дробови која ја преболел во младоста, поради која останал без горниот дел од едното белодробно крило. Според медиумските натписи тој факт денес не му влијае на неговата здравствена состојба. Но очигледно станувало збор за воспаление опасно по живот. Вака покасно тоа го коментирал: Болката не е крепост сама по себе, но може да биде крепосна на начинот на кој се живее. Нашиот повик е полнина и среќа, а во тоа барање болката е граница. Затоа смислата на болката вистински може да се разбере ако се има во предвид болката на Бога Кој станал човек, Исус Христос.
Неговите цитати, говори, обраќања на јавноста често се однесуваат на темите за жената, абортусот, семејството, животот… па иако некои медиуми сакат да го прогласат за либерален, тој сепак е верен чувар на „конзервативната“ католичка наука. Веројатно во тие теми се чувствува толку слободно и природно затоа што и самиот ги поминал искуствата на различните видови љубов: мајчинска, сестринска, кон девојка, пријателска… Така не е тајна дека Папата имал и девојка. Се викала Амелија и ја запознал на 12 години, пет години пред да го почувствува монашкиот повик: Беше од групата на пријатели со кои одев да играм танго, има изјавено во едно интервју.
Прогласување на 2015 година за „Година на посветениот живот“ како и топлиот однос кој го има кон своите свештеници и монаси и монахињи ја изразува грижата за семинариите додека сѐ уште бил епископ во Буенос Аирес. Можеби се темели и на силата од сопствениот повик кој го почувствувал на 17 години. И ден денешен е способен да го одреди тој момент во времето и просторот. За тоа вели: Беше тоа ненадејно, потресно искуство. Се случи на 21 септември 1953 година. На тој ден во септември се слави Студенски ден и тој се подготвувал за излет со своите колеги и колешки. Поминувајќи покрај црквата Сан Хосе де Флорес, почувствувал изненадувачка и силна потреба да влезе внатре. Во црквата наишол на непознат свештеник и исто така изненаден поттикнат од непозната сила која одвнатре го влечела, се одлучил на исповед. На таа исповед ми се случи нешто необично, не знам што беше тоа, но ми го промени животот. Откако свештеникот му се доверил дека боледува од леукемија (и навистина ќе умре година дена подоцна) младиот Хорхе почувствувал дека и тој треба да стане свештеник! Почувствувал како тој свештеник да го чекал. Тоа е искуство на верата: Восхитеност заради средба со некој кој те чека. Од тој час Бог стана некој Кој е пред тебе. Го бараш, а всушност тој тебе те бара.
Искуството дека Бог него го бара би можела да биде насоката која го одредила начинот на пасторалниот живот, работата и служењето на Фрањо и кога бил свештеник, па и епископ, а и сега како Папа: живот во едноставност, неформалност, близина и контакт со луѓето… Можеби во тоа искуство на „проноаѓање“ треба да се бара причината зошто папата Фрањо денес толку се бори за „Црква која бара“ – „мисионерска Црква“ со нови структури кои ќе одат таму каде што се наоѓаат луѓето на кои им треба Бог, „Црква на близина“, уште поголем пасторален допир, да биде блиска на човештвото и неговите страдања. (…)
Паула Томиќ/Гласник Мира/Д.И.