Папата Фрањо упати порака до Генералното собрание на ОН
Папата Фрањо ги охрабрува сите народи да го промовираат достоинството на секое човечко битие. Пораката на Папата до Собранието на ОН беше прочитана во среда 24 септември од страна на архиепископот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светата Столица на ОН во Њујорк, а по повод отворањето на 69. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во документот, потпишан од страна на кардиналот Пиетро Паролин, Светиот Отец се надева дека меѓународната заедница ќе најде решение за да се „промовира мирот меѓу народите” и проблемото со сиромаштвото да се решава во духот на братство, делејќи радости и страдања. На Генералното собрание апата ја гарантира неговата духовна близина и истакнува дека ова е можност за „поголемо разбирање и соработка помеѓу делегациите” на државите за „доброто на глобалната заедница и во служба на траен мир и просперитет за сите луѓе.”
РВ/го*ко