Папата Фрањо упати апел за Украина
Светиот Отец на Генералната аудиенција во среда 24 август, после завршувањето на молитвата за жртвите од земјотресот во Италија, упати апел за Украина. „Во текот на изминатите седмици, меѓународните набљудувачи изразија загриженост за влошувањето на состојбата во Источна Украина“ – рече Папата.
„Денес, додека саканата земја го слави својот државен празник, кој оваа година се поклопува со 25 годишнината од нејзината независност (од Советскиот сојуз), ја „ветувам својата молитва за мир и повторно го упатувам својот апел до сите вклучени страни и меѓународни тела да ги засилат иницијативите со цел решавање на судирот, ослободување на затворениците и да се одговори на хуманитарната криза“ – рече Папата на крајот од Генералната аудиенција во среда.
РВ/к.мк