Папата Фрањо: Треба да се запрат господарите на војната

Папата Фрањо: Треба да се запрат господарите на војната

Треба да се запрат господарите на војната, единствено тие имаат корист од насилството кое го уништува светот – е новиот апел на папата Фрањо, содржан во интервјуто кое го даде за италијанскиот весник „Ла Република“.

Треба да се запрат господарите на војната, единствено тие имаат корист од насилството кое го уништува светот – е новиот апел на папата Фрањо, содржан во интервјуто кое го даде за италијанскиот весник „Ла Република“, а кое е објавено во пресрет на неговата посета и служењето на света Литургија Вечера Господова во затворот во Палијан, недалеку од Рим.

Светот мора да ги запре господарите на војната. Бидејќи, оние кои најлошо поминуваат секогаш се последните, оние незаштитените – истакна Папата. Токму со нив, со тие последни треба да биде Црквата, да биде во близина на маргинализираните и отфрлените. На Велики четврток со што се одбележува почетокот на Воскресната тродневница, папата Фрањо го спои силниот повик со големата грижа. Мораме да се погледнеме одвнатре, инаку нека го фрли каменот оној кој е без грев. Да настојуваме да ја видиме својата вина. Тогаш срцето ќе стане почовечко.

Папата Фрањо освен тоа побара повеќе мир за светот кој – како што рече – е потчинет на трговците со оружје кои заработуваат од крвта на мажите и жените. Манифестирањето на гревот и неговата уништувачка сила треба да се пронајде во војните, во различните облици на насилство и злоупотреба, во напуштањето на најслабите, а кој во тоа најлошо поминуваат – повтори Папата – секогаш се последните, најслабите.

Светска војна на делови

Осврнувајќи се на својата неодамнешна порака за Светскиот ден на мирот, Папата повторно истакна дека светот се соочува со страшна светска војна во делови. Но, жестокоста на тие непрекинати војни поттикнува освета и убиствена спирала на конфликтот кои даваат корист само на неколку „господари на војните“. Насилството не е лек за овој скршен свет; одговорање на насилството со насилство доведува до прислна преселба и страшно страдање, лишувајќи ги сиромашните од потребните добра, доведувајќи многу, ако не и сите до смрт, телесна и духовна.

Во светот сите сме грешници

Да се посети по повод Велики четврток еден затвор, па и ова година, за папата Фрањо значи да се одговори на Исусовата заповед, затоа што тоа е должност на пастирите, на свештениците и епископите да „бидат во служба.“ Сите можат да згрешат – е пораката на папата Фрањо која поттикнува да се излезе од лицемерството кое во затворениците гледа само „луѓе кои згрешиле“ и кое не дозволува мислење дека е можно да се промени животот. Сите во светот сме „грешници“, а често и „затвореници“, а за тоа да не сме свесни; и тоа затвореници во ќелијата на индивидуализмот и самодоволноста – истакна Папата и на крајот предупреди: Да се впери прст на некого кој згрешил не може да стане алиби за сокривање на сопствените противречности.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот