Папата Фрањо: Трговијата со луѓе е злосторство против човештвото

Тоа е злосторство против човештвото – со тие зборови папата Фрањо ја нарече трговијата со луѓе, среќавајќи се на 10 април, во големата сала на Папската академија на науки, со учесниците на меѓународната конференција одржана на поттик на Епископската конференција на Англија и Велс, на тема „Да се разбие трговијата со човечки битија: Црквата и почитувањето на законот во соработка“. Трговијата со човечки битија е рана на телото на денешниот човечки род, таа е рана на Христовото тело. Тоа е злосторство над човечкиот род – истакна Папата.

На сите им е познато дека таа „жалосна појава“ – како што ја нарече Светиот Отец – за него е отсекогаш простор за борба, и затоа оваа средба со учесниците на спомнатата конференција беше можност да го изрази својот презир, и пред сè, итно потребната солидарност со жртвите, вдахновена со вера. Ова е многу важна средба, меѓутоа и гест на Црквата, гест на луѓе со добра волја кои сакаат да извикнат ’Доста’! (…) Фактот дека сме се нашле овде како би ги соединиле своите сили, значи дека сакаме стратегиите и надлежностите да бидат пропратени и зајакнати со евангелското сочувство, со близината на мажите и жените кои се жртви на тоа злосторство – напомена Светиот Отец.

Папата Фрањо се заблагодари на епископите од Англија и Велс поради тоа што го поттикнаа одржувањето на таа конференција, како и на кардиналот Николс, покрај кого седеше како било кој учесник на конференцијата, во клупите на салата. Околу Светиот Отец имаше многу лица во униформи, претставници на полициските власти кои се борат против тој вид на криминал. Папата ја поврза нивната служба, втемелена на – како што рече – строгоста на законот, со служба на хуманитарни дејци, повикани пред сè да пружат гостопримство, човечка топлина, и да им дадат на жртвите можност за откуп.

Тоа се два различни пристапи – забележа Папата – меѓутоа тие можат, и треба, да одат заедно. Многу е важно да се води дијалог и да се разговара, поаѓајќи од тие два комплементарни пристапи. Поради тоа средбите како оваа се многу корисни, би рекол и неопходни – истакна Светиот Отец.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот