Папата Фрањо: Среќата на христијанинот не е моментална радост, туку дар од Исус

Ватикан, 11 мај 2013 /к.мк/ – „Христијанинот е маж или жена на среќа“, ова го подвлече Светиот Отец во петок 11 мај за време на светата Литургија во капелата на домот „Света Марта.“ Папата потенцираше дека среќата на христијанинот не е радост плод на надворешни мотиви, туку е дар на Господ што исполнува внатрешно. На светата Литургијата служена заедно со архиепископот на Мерида, Балтазар Енрике Порас Кардозо и со главниот игумен на бенедиктинците, Ноткер Волф присуствуваа и мала група вработени во Ватиканското Радио, предводени од генералниот директор отец Федерико Ломбарди.

Христијанинот треба да биде сведок на вистинската среќа, онаа што ја дава Исус. Ова го истакна папата Фрањо, нагласувајќи го однесувањето полно со среќа на апостолите во периодот помеѓу Вознесение и Педесетница:

„Христијанинот е маж или жена на среќа. Ова нѐ учи Исус, нѐ учи и Црквата во ова време на посебен начин. Што е тоа среќа? Дали е тоа само радост? Не, не е исто. Радоста е добра! Да се биде радосен е добро. Но среќата е нешто повеќе, нешто друго. Не е нешто што се случува поради некои надворешни или моментални мотиви, таа е нешто подлабоко. Среќата е дар. Радоста, ако ние сакаме да ја живееме постојано, на крајот преминува во површност, лежерност и исто така нѐ води во состојба на недостаток на христијанска мудрост, нѐ прави помалку луди, наивни, нели? Сѐ е радост… Не! Среќата е друго нешто. Среќата е дар Божји. Не исполнува внатрешно. Изгледа како едно помазување на Духот. Тоа е среќата што ја имаме во сигурноста дека Исус е со нас и со Отецот“. Но дали оваа среќа можеме да ја затвориме во нешто и да си ја имаме засекогаш со нас?“, праша Светиот Отец:

„Не, бидејќи ако ние сакаме да ја имаме оваа среќа само за нас на крајот ќе се разболи и нашето срце ќе стане помалку измамено, и така нашето лице нема да ја пренесува оваа среќа, туку само тага, една нерасположеност што не е здрава. Понекогаш овие нерасположени христијани наликуваат повеќе на лути, кисели пиперки, отколку радосни христијани кои имаат убав живот. Среќата не може да застане, треба да се движи. Среќата е една вредност во движење. Таа е дар што се движи, што се движи по патот на животот, се движи заедно со Исус: со проповедањето и навестувањето на Исус среќата го проширува и продолжува патот. Среќата е поклоненичка“, потврди Светиот Отец и додаде дека христијанинот пее од среќа, се движи и ја носи оваа среќа.

На крајот, папата Фрањо го истакна и мотивот поради кој е многу среќен, а тоа е дека во Рим престојува Тавадрос II, Патријархот на Александрија. „Тоа е еден мотив за да се биде среќен, бидејќи патријархот е брат којшто доаѓа во посета на Црквата во Рим за да разговара, за да поминеме заедно еден дел од патот“. (В.Н)

 

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<