Папата Фрањо заедно со единаесете нови кардинали го посети почесниот папата Бенедикт XVI по одржаниот конзисториум во сабота 28 ноември.
Средбата се одржа во капелата на ватиканскиот манастир Mater Ecclesiae, каде живее Бенедикт XVI после неговото повлекување. Во пријатна атмосфера единаесетте нови кардинали кои присуствуваа на конзисториум (двајца не можеа да дојдат) се претставија поединечно пред почесниот Папа.
Бенедикт XVI ја изрази својата радост за посетата и по молитвата Salve Regina ги благослови.
Папата Фрањо со новите кардинали го посетува почесниот папа Бенедикт XVI во манастирот од 2016 година, додека претходно почесниот папа Бенедикт XVI учествуваше лично на конзисториумите во Базиликата Свети Петар.
Ватикан њуз/к.мк