Папата Фрањо: Сите сме должни да правиме добро

Ватикан, 22.5.2013 /к.мк/ – Да се прави добро е принцип, кој е заеднички на човештвото и покрај сите идеолошки и религизони различности. Правењето добро создава култура на средба, која што е основа за мирот. Ова го нагласи Светиот Отец на светата Литургија во среда, 21 мај во капелата на домот Света Марта. Светата литургија Папата ја служеше заедно со кардинал Бехар Бутрос Раи, а присуствуваа некои членови од управата на Ватикан.

Папата говореше за Евангелието од денот, во кое станува збор за апостолите кои ограничено го сфаќаат Бог и неговото делување. „Учителе, видовме еден, кој во твое име изгонува бесови, а не врви со нас; и му забранивме, оти не оди по нас.“ (Марко 9,38)

Папата истакна дека Исус сака да им го прошири видикот и ги предупредува дека Бог секогаш делува, но делува и во други и со други. Сите, баш сите од раѓање го имаат тој императив да прават добро. Сите ние сме деца Божја, а исто така и сите ние сме откупени деца Божја, иако за тоа многумина не се свесни, сепак се повикани едни на други да прават добро. Во сите луѓе е впишана таа должност да прават добро, и затоа не е добро да се ограничуваат, истакна папата Фрањо.

Освен тоа во доброто делуање можат да се сретнат верници и неверници. Оние кои се свесни дека сите сме создадени на слика Божја ќе препознаат во добрите дела на некои неверник и таа слика, а тоа ќе биде можност за средба во големото човечко семејство. Ова пак значи да се прави добро припаѓа во делот на семејството, и кога нешто дури ни изгледа невозможно, да молиме тоа да се оствари преку застапништвото на света Рита, која е заштитничка на невозможните работи, заврши папата Фрањо. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<