Папата Фрањо се сретна со претседателот на Европскиот фудбалски сојуз

Папата Фрањо се сретна со претседателот на Европскиот фудбалски сојуз

Пред Генералната аудиенција на 6 февруари 2019 година, папата Фрањо го прими претседателот на Европскиот фудбалски сојуз (UEFA) Александар Чеферин, извести ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“ на интернет страниците.

Чеферин, 51 годишниот правник истакна дека фудбалот за него е единствена прилика за градење на мостови на мирот и создавање на патишта на инклузивноста, пренесе Катпрес. Тој ја искористи можноста на Папата да му ја претстави „Фондацијата UEFA за деца“ која поддржува различни програми и акции за деца со потешкотиите – сиромаштво, болести, или ранети од војна.

Наследникот Мишел Платини истакна дека УЕФА реализирала 180 проекти и покренува уште многу други, а вкупно помогнала на 800.000 луѓе од 94 земји од светот. Нивниот фокус е во Јордан каде 6.000 деца меѓу нив 1.500 девојчиња се засолниле на фудбалските игралишта.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот