Папата Фрањо се сретна со младите

Папата ги поттикна младите на солидарност, надеж и градење на култура на средба.

По Вечерната молитва која ја предводеше папата Фрањо и откако се сретна со свештениците, луѓето со посветен живот и богословите, папата Фрањо во неделата на 20 септември се сретна и со младите. Голем број на млади радосно и покрај дождот кој паѓаше го поздравија Папата пред културниот центар Патер Феликс Варел кој се наоѓа покрај катедралата во Хавана. По поздравните зборови на ректорот на центарот и еден студент, Папата се обрати на младите. И овој пат не се држеше до подготвениот текст, туку пред младите стави само некои нагласувања од белешките.

Папата младите ги охрабри да имаат храброст да сонуваат за објективноста во животот и да се борат за своите соништа. Предупреди на проблемите, невработеноста на младите и ги повика на отворени срца и отворени умови и на градење на културата на средба. Можеме различно да размислуваме, но е важен разговорот. Не кавга, нагласи. Во тој контекст предупреди и на денешните страдања во светот, на војните и предупреди дека каде што постојат поделби таму е и смртта. Смртта во душата, бидејќи сме ја убиле можноста да се обединиме. Кога постојат поделби, постои смрт. Таа е смртта во душата, бидејќи сме ја убиле можноста да се обединиме, нагласи Папата.

На крајот пред младите стави уште еден збор „надеж“. Младите се надеж на народот, слушаме од сите страни. Но, што е надеж? Дали тоа е оптимизам? Не оптимизмот е состојба на умот. Се разбудуваш со болки и не си оптимист, гледаш сè црно. Надежта е нешто друго. Надежта е трпење, порача Папата и на младите им вети дека ќе моли за нив, а нив ги повика да молат за него. На крајот на средбата им подели благослов.

Во подготвениот и предадениот говор, Папата на младите им укажа на три начини како да го пронајдат патот на надежта во нивниот живот. Најпрво на темелите на своето духовно и морално наследство, а потоа во одењето со другите и искажувајќи солидарност без која како што истакна Папата ниту една земја нема иднина.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот