Папата Фрањо се сретна со комесарот за бегалци на ООН Гранди

Папата Фрањо се сретна со комесарот за бегалци на ООН Гранди

Папата Фрањо на 16 април 2021 година во Ватикан го прими во приватна аудиенција Високиот комесаријат на ОН за бегалци Филипо Гранди.

По средбата комесарот Гранди на Твитер го нарече Папата „еден од најголемите борци за доброто на бегалците и мигрантите“. Тој истакна дека од Папата побарал „сила и визија“, а средбата со него го „зајакнала и инспирирала“ во нивната посветеност за оние во потреба.

Приватната аудиенција се одржа на петтата годишнина од посетата на Папата на бегалците на грчкиот остров Лезбос, а за време на престојот во Рим Гранди разговараше и со највисоките претставници на државата и владата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот