Папата Фрањо по завршувањето на Генералната аудиенција во среда 4 ноември 2020 година, своите мисли и молитви ги упати на жртвите од терористичките напади кои оваа седмица го раскрвавија европското тло, опишувајќи ги како „жални дела кои имаат за цел да ја наруши братската соработка помеѓу религиите.“
Обраќајќи им се на италијанските ходочасници за време на Генералната аудиенција, Папата рече: „Во овие денови во кои се молиме за починатите, да се помолиме и за невините жртви на тероризмот што доведе до ескалација на суровоста што се шири низ цела Европа“.
Тој истакна дека посебно мисли за нападите што се случија во јужниот француски град Ница, на богослужбено место и за нападот во понеделникот навечер на улиците во Виена.
Папата рече дека сите овие нападите „предизвикуваат згрозеност и бес кај населението и оние кои се грижат за мирот и дијалогот“.
Тој нагласи дека нападите имаа цел со „насилство и омраза да ја нарушат братската соработка меѓу религиите“. Светиот Отец ги довери на Божјата благодат сите оние кои трагично настрадаа и ја искажа својата духовна близина со нивните семејства и сите кои страдаат.
Ватикан њуз/к.мк