Твитер пораките упатени од Твитер профилот на Папата во недела 21 март 2021 година се посветени на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Меѓународниот ден за борба против расната дискриминација.
Календарот на ООН на 21 март има две важни прослави кои потсетуваат на достоинството на секоја човечка личност. Така, според одлуката на XXI сесија на Генералното собрание на ООН од 26 октомври 1966 година, овој ден се одбележува како Меѓународниот ден за борба против расната дискриминација. Се совпаѓа со тажната годишнина кога полицијата во 1960 година отвори оган и уби 69 лица за време на мирниот протест против законите за апартхејд во Јужноафриканската Република.
„Расизмот е вирус кој брзо мутира и наместо да исчезне, се крие и демне во заседа. Примери на расизам продолжуваат да не срамат, бидејќи тие покажуваат дека нашиот наводен општествен напредок не е толку реален или дефинитивен како што мислиме. #FightRacism #FratelliTutti “, потсети папата Фрањо на Твитер пораката во неделата, 21 март 2021 година, осврнувајќи се на неговата енциклика за братството и социјалното пријателство.
На овој ден се одбележува и Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Изборот на овој датум е симболичен поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на овие лицата, така се доаѓа до датумот за прослава на овој ден односно на 21 ден во третиот месец. Во декември 2011 година, Генералното собрание на ООН одлучи да се слави овој ден, почнувајќи од 2012 година.
Во овој контекст, на Твитер профилот на Светиот Отец се појави следната порака:
„Секое дете што жената го очекува во нејзината утроба е подарок што ја менува историјата на семејството: животот на татковците и мајките, бабите и дедовците и на браќата и сестрите. Тоа дете треба да биде добредојдено, сакано и негувано. Секогаш! # #WorldDownSyndromeDay.
Ватикан њуз/к.мк