На Генералната аудиенција во среда, папата Фрањо продолжи со размислувањето за ликот на свршеникот на Марија и му посвети молитва; тој е оној кој ја штити Црквата, пример за оние кои знаат да се грижат за другите.
На Генералната аудиенција вос реда 24 ноември 2021 годиина, папата Фрањо ја продолжи серијата катехези, кои започнаа минатата среда, за ликот на свети Јосиф. Темата на денешното размислување беше улогата на Исусовиот хранител во историјата на спасението. Тоа беше можност за Папата да опише што е навистина важно во Божјите очи и да го охрабри секој од нас да се грижиме еден за друг, исто како што Јосиф направи во однос на Исус и Марија.
Евангелијата се зборува за Исус како „син на Јосиф“ и „син на дрводелецеот“, рече Папата. Раскажувајќи го Исусовото детство и наведувајќи го неговиот родослов, евангелистите Матеј и Лука зборуваат за Јосиф не претставувајќи го како биолошки татко, туку во секој случај како полноправен татко на Исус. Матеј ни дава да разбереме дека ликот на Јосиф, иако навидум спореден, дискретен, во вториот план, напротив, е централен во историјата на спасението – истакна Папата и истакна дека свршеникот на Марија ја живее својата улога не сакајќи да доминира на сцената. .
Ако размислиме, нашите животи се ткаени и поддржани од обични луѓе – најчесто заборавени – кои не се појавуваат на насловните страници на весниците и списанијата (…) Колку татковци, мајки, баби и дедовци и учители им покажуваат на нашите деца, мали и секојдневни гестови, како да се соочите и да поминете низ кризата со прилагодување на навиките, подигнувајќи го погледот и поттикнувајќи на молитва.
Јосиф така станува пример во кој секој може да пронајде човек кој останува незабележан, човек со секојдневно, дискретно и скриено присуство, застапник, поддршка и водич во тешкотиите – истакна Папата. Тој нè потсетува дека сите што се навидум скриени или во „втор план“ имаат неспоредливо важна улога во историјата на спасението. На светот му требаат такви мажи и жени: мажи и жени во втор план, но кои го поддржуваат развојот на нашиот живот, секој од нас, и кои нè поддржуваат на патот на животот преку молитва, пример, поучување.
Папата потоа истакна уште еден основен аспект од животот на свети Јосиф, за кој се зборува во Евангелието по Лука: Јосиф е чувар на Исус и Марија, а со тоа и чувар на Црквата, која е продолжение на телото Христово во историјата. Овој аспект на грижата на Јосиф е одличен одговор на извештајот од Битие. Кога Бог бара од Каин да даде сметка за животот на Авел, тој одговара: „Зар сум јас чувар на братот?” Јосиф, како да сака со својот живот да ни каже дека секогаш сме повикани да се чувствуваме чуварите на нашите браќа, чуварите на оние што тој ги постави покрај нас, оние кои Господ ни ги доверува низ околностите на животот – рече Папата.
Животот на свети Јосиф во нашето општество, кое се нарекува „тековно“, или уште повеќе – додаде Папата –„гасовито“, бидејќи се чини дека нема постојаност, денес дава особено значајна поука, односно ја нагласува важноста на човечките врски. Животот на секој од нас е составен од врски, а самиот Син Божји, откако стана човек, го избра патот на врските, да оди напред.
Папата Фрањо ја заврши катехезата со молитва за која сака да им биде од помош на тие луѓе, но и на сите нас, да најдеме сојузник, пријател и поддршка во свети Јосиф.
Молитва до свети Јосиф
Свети Јосифе, ти си кој ја чуваше врската со Марија и Исус,
помогни ни да се грижиме за односите во нашиот живот,
Никој нека не го доживее тоа чувство на напуштеност што произлегува од осаменоста.
Секој нека се помири со својата историја, со оние кои му претходеа,
и во грешките што ги направи, нека го препознае начинот на кој Промислата го пробила својот пат,
а злото го немало последниот збор.
Покажете дека си пријател со оние на кои им е најтешко
и како што ги поддржувавте Марија и Исус во тешки времиња,
помогни ни и на нас на нашиот пат. Амин.
Ватикан њуз/к.мк