Папата Фрањо упати порака до неговите сонародници ангажирани на Деновите на социјалната пасторална дејност организирани од надбискупијата Буенос Аирес. „Загрижен сум – вели Папата – за растот на поларизациите и екстремизмот, кои не спречуваат да градиме и да се обединиме во заедничкото „ние“.
Постојат нематеријални, „идеолошки“ окови, бариери кои го поттикнуваат „растот на поларизациите и екстремизмот и нè спречуваат да градиме, одново да се обединиме во заедничко „ние“. Ова го истакна Папата во пораката до учесниците на Деновите на социјалната пасторална дејност организирани од надбискупијата Буенос Аирес, кое се одржува веќе 25 години, а оваа година носи наслов: „Нацијата како заедничка судбина“.
Во својата порака Папата ја нагласува „потребата и важноста на овој здрав обичај“. Всушност – вели Папата – „на овие средби се обидуваме да ја распознаеме сегашноста и да си ја замислиме можната иднина, а тоа е многу важно ако ја погледнеме светската ситуација: војните, со нивната нуклеарна закана; неодамнешната пандемија и нејзините последици на различни нивоа; еколошката и миграциската криза; подемот на културата на експлоатација и отфрлање… проблеми на кои може да се додадат и локални ситуации“. Зад овие реалности – истакнува Папата – „како музика во заднина, јас сум загрижен за растот на поларизациите и екстремизмот кои не спречуваат да градиме и да се сретнеме со заедничко „ние“. Има многу конфликти кои се сокриваат во рововите, често идеолошки, се спречуваат да бидат решени“. За жал, според Папата, „малку по малку чувството на припадност, кое е способно да ја разбие тиранијата на поделба и конфронтација е ерозирано, само да се направи невозможно, со сите легитимни разлики што може да постојат, приближување на волјите кои го бараат општото добро, што е многу повеќе од збир на поединечните добра“.
Затоа – продолжува папата Фрањо – „императив е да ја вратиме нашата способност за дијалог, односно да се приближиме, да се слушаме, да се запознаваме и препознаваме, за да најдеме допирни точки кои ќе ни помогнат да го насочиме погледот кон трансцендентното“. За да си помогнеме еден на друг – истакнува Папата – „мораме да водиме дијалог“, развивајќи „култура на средби што ја надминува дијалектиката на конфронтација“. Тоа е „начин на живот, култура и граѓанство кои имаат тенденција да го формираат тој полиедар кој има многу ѕидови, но никогаш не го губи своето единство“. Многу добро знаеме – заклучува Папата – дека напорите во оваа насока не се прават сами, туку со Црквата, „која е славна затоа што има историја на жртви, надеж, секојдневна борба, исцрпувачки живот на служење, истрајност во напорна работа, бидејќи секоја работа е пот на челото“.
Ватикан њуз/к.мк