Папата Фрањо работи на вториот дел од енцикликата Laudato si’

Папата Фрањо работи на вториот дел од енцикликата Laudato si’

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, изјави дека вториот дел од енцикликата Laudato si’, која папата Фрањо ја спомна во понеделник, 21 август, на аудиенција со делегација на правници од земјите-членки на Советот на Европа, ќе се фокусира на актуелната климатска криза

Во разговор со делегација на правници од земјите-членки на Советот на Европа во понеделник, 21 август 2023 година, папата Фрањо рече дека работи на вториот дел од неговата енциклика Laudato si’ со цел да ја ажурира со осврт на актуелните прашања.

Папата изрази благодарност за посветеноста на правниците за развојот на правната рамка насочена кон заштита на животната средина.

Никогаш не смееме да заборавиме дека младите генерации имаат право да добијат од нас убав и жив свет, а тоа подразбира посветена одговорност кон создаденото што го добивме од дарежливите Божји раце, истакна во таа прилика Римскиот епископ. Ви благодарам за вашиот придонес!

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, објасни дека новата ажурирана верзија на енцикликата Laudato si’ конкретно ќе се фокусира на најновите екстремни климатски промени и катастрофи кои влијаат на човечкиот род на сите пет континенти.

Laudato si’ е втората енциклика на папата Фрањо. Објавена е на 18 јуни 2015 година а носи датум од 24 мај истата година, на празникот Педесетница.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот