Папата Фрањо продолжува со своите традиционални „повици за изненадување“ – овој пат се јавил на епископот во Мозамбик

Папата Фрањо продолжува со своите традиционални „повици за изненадување“ – овој пат се јавил на епископот во Мозамбик

Папата Фрањо неочекувано во средата на 19 август се јавил на епископот Луиз Фернанд Лисбоа во Мозамбик интересирајќи се за состојбата во бискупијата Пемба на северот на таа јужно африканска држава и му ветил помош.

Епископот Лисбоа пред неколку дена преку медиумите упати апел за меѓународна помош на жртвите на тероризмот во немирната провинција Кабо Делгадо во која не само што треба да се запрат крвавите конфликти туку и да се помогне на повеќе од 250.000 бегалци кои се без храна, лекови и облека.

Провинцијата Кабо Делгадо на границата со Танзанија веќе три години ја потесуваат напади од џихадисти, а чести се и нападите на христијаните и на христијанските институции на северот на земјата која Папата ја посети во септември минатата година. Монс. Лисбоа истакнува дека војската и вооружените групи целосно го дестабилизираа подрачјето. На крајот на месец јули џихадистите запалија црква и ги опустошија училиштата во најголемиот центар на провинцијата Моцимбоа да Праија.

Откако во 2010 година на крајбрежното подрачје е откриено богато наоѓалиште на земјен плин постои надеж дека таа сиромашна земја ќе се развие, но растечките конфликти оневозможуваат инвестиции. Самиот епископ Лисбоа кој се ангажира за сиромашните на тоа подрачје и е критичен кон властите, веќе неколку пати добива смртни закани.

Папата се инстересирал за состојбата во Моцимбоа да Праија, крајбрежен град кој го заземаа исламските екстремисти наводно поврзани со т.н. Исламска држава. Бидејќи пристаништето е важно за националниот енергетски проект тука се испреплетуваат бројни интереси меѓу останатите и сомалиските милитанти така шо сѐуште не е јасно кој стои зад нападите. Епископот на Папата му раскажал дека сѐуште не се знае судбината на две монахињи кои таму се наоѓале, што го растежило Светиот Отец  и ветил дека ќе се моли за нив.

Папата во телефонскиот разговор се осврнал и на својата минатогодишна посета на Мозамбик истакнувајќи дека многу му се важни Кабо Делгадоа и го советувал епископот  од кардиналот Михаел Черни од Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој да побара хуманитарна помош.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот