Папата замина од Индонезија, а на 6 септември започнува неговиот апостолско патување во Океанија, поточно во Папуа Нова Гвинеја. Светиот Отец пристигна во Порт Морезби околу 11.00 часот по средноевропско време, по шестчасовен лет од Џакарта.
На меѓународниот аеродром Џексонс Светиот Отец беше пречекан од вицепремиерот и деца во традиционални носии. Инаку, папата Фрањо е вториот Петров наследник кој ја посетил Папуа Нова Гвинеја, по Иван Павле II. во 1984 година.
Втората етапа од патувањето на Папата ќе биде од 6 до 9 септември. Со оглед на тоа што Папата вечерта по локално време пристигна во Порт Морезби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја, неговите активности ќе започнат следниот ден. За време на престојот во главниот град, Папата ќе биде во апостолската нунцијатура, која се наоѓа на ридот каде што е изградено првото автохтоно село. На 7 септември предвидена е куртоазна посета на гувернерот, како и средба со претставници на владата, граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор во главниот конференциски центар во градот. Попладне по локално време, ќе го посети средното стручно училиште на Каритас, каде ќе се сретнат со деца и возрасни со попреченост, како и со оние кои добиваат помош од организацијата „Street Ministry“ која се грижи за децата на улица. Папата ќе има средба со бискупите и претставниците на црквата во Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови. Покрај Порт Морезби, за време на престојот во земјата Папата ќе го посети и градот Ванимо.
Во Индонезија, Светиот Отец служеше света Литургија во апостолска нунцијатура во Џакарта и се прости од персоналот и доброчинителите. Подарокот на Папата за индонезиската нунцијатура е дело создадено во Јордан, целосно во мозаик, кој го претставува грбот на Папата. Пристигнувајќи на аеродромот, државните претставници, како и претставниците на црквата предводени од надбискупот на Џакарта, кардиналот Игнасио Сухарја Харџотмоџа, го поздравија папата Фрањо.
Летајќи над архипелагот на Југоисточна Азија, во телеграма до претседателот Јоко Видодо, папата Фрањо изрази длабока благодарност до локалните власти и целото население за помошта и бројните гестови на братство во деновите поминати во таа земја. Секогаш кога ќе го премине воздушниот простор на Индонезија за да стигне до другите етапи од апостолското патување – по Папуа, Источен Тимор и Сингапур – Папата ветува дека со љубов ќе се сеќава на таа земја за која моли изобилен Божји благослов.
Ватикан њуз/к.мк