Папата Фрањо е отпуштен од Универзитетската болница Агостино Гемели во саботата наутро, на 1-ви април
Папата Фрањо е отпуштен од болницата Агостино Гемели во сабота утрото 1 април 2023 година по краткиот престој кој вклучуваше закажани испитувања и лекување на бронхитисот.
Во краткото соопштение во саботата наутро, Канцеларијата за печат на Светиот Престол истакна дека Светиот Отец пред заминувањето го поздравил раководството на болницата, вклучително и ректорот на Католичкиот универзитет Срце Исусово Франко Анели, генералниот директор на Поликлиника Марко Елефанти и генералниот црковен помошник за болницата, бискупот Клаудио Џулиодори, како и целиот медицински тим и здравствените работници кои му помагаа за време на неговиот престој.
Универзитетската поликлиника Агостино Гемели, најголемата болница во Рим, е наставна болница на Медицинскиот факултет на Католичкиот универзитет. Болницата го добила името по фрањевскиот монах Агостино Гемели, лекар и психолог, кој исто така бил основач и прв ректор на Универзитетот.
Додека ја напушташе болницата, папата Фрањо ги поздрави присутните, застана за момент да се прегрне и да се помоли со двојката која ја загуби ќерката во текот на ноќта.
Посета на базиликата Света Марија Велика
Светиот Отец потоа отиде во базиликата Света Марија Велика во Рим, каде пред иконата на Богородица спасение на римскиот народ – Salus Populi Romani – се помоли за сите болни и оние кои страдаат од болест или загуба на најблиски. На посебен начин се помоли за децата што ги сретна вчера на одделот за детска онкологија и детска неврохирургија и ги довери на застапништво на Пресвета Богородица.
Ватикан њуз/к.мк