Папата Фрањо: Посетата во Кореја не е туристичко патување

Шон-Патрик Ловет од англиската програма на Радио Ватикан ја поткрепи таа изјава на Папата и неговото животно искуство, па потсети дека на сите не им е познато која е вистинската причина зошто Хорхе Бергољо станал Исусовец. Неговиот сон бил како свети Фрањо Хавиер, соосновачот на Дружбата на Исусовците да стане мисионер на Далечниот Исток. Самиот Папа тоа го изјави минатата година во разговор со студентите Исусовци во Рим: „Излезе… навести го Исус Христос… не останувај затворен во нашите структури.“

Патување на Папата во Кореја на некој начин го остварува тој сон истакна известувачот на Радио Ватикан и тоа преку трите теми: препознавањето на улогата на младите во Црквата преку славењето на Азискиот ден на млади; признавање на историјата на верата во овој дел на светот по беатификацијата на 124 маченици кој го дале својот живот во 19 век; и поттикнување на помирување и мир особено помеѓу Северна и Јужна Кореја со посебна молитва на Литургијата во Сеул.

Корејските весници во своите статии во пресрет на доаѓањето на Папата ги изразија своите очекувања дека зборовите и гестовите на Светиот Отец ќе бидат во корист на сиромашните и немоќните, во корист на мирот и помирувањето, против дискриминацијата и направдата и охрабрување за младите. Еден корејски новинар напишал, како што пренесува Ловет, дека посетата на Папата е една добра вест после долго време.

Додека зборуваше со новинарите кои со него беа во авионот Папата ги поздрави и им заблагодари повикувајќи ги да помогнат за обединет свет. Во тишина се помоли и за италјанскиот новинар и неговиот палестински преведувач кои се убиени на 13 август при известување од Газа.

Првиот ден на престојот на Папата во Јужна Кореја е исполнет, а вклучува средба со преседателот на Јужна Кореја и претставници на локалните власти како и средба со членовите на Корејската бискупска конференција.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот