Папата Фрањо повторно упати апел за мир меѓу завојуваните страни

Папата Фрањо повторно упати апел за мир меѓу завојуваните страни

Повикувајќи на акција и молитва за сите народи кои ги трпат последиците од војната, папата Фрањо во среда, 8 ноември 2023 година, на крајот од редовната Генерална аудиенција на плоштадот Свети Петар во Ватикан апелираше за праведен мир и го повтори своето убедување дека војната е секогаш пораз

Повторно повикувајќи на внимание и молитва за луѓето ширум светот кои се изложени на војна и страдаат од нејзините последици, папата Фрањо во среда 8 ноември рече: „Да не ја заборавиме маченичката Украина и да мислиме на палестинскиот и израелскиот народ: Господ нека донесе праведен мир“.

„Има многу страдања“, нагласи Римскиот епископ кон крајот на редовната Генерална аудиенција што се одржа на плоштадот Свети Петар.

„Страдаат деца; болните страдаат, а многу млади луѓе умираат“, продолжи Папата. „Војната е секогаш пораз. Да не заборавиме: војната е секогаш пораз“.

Континуирани апели за мир

Папата Фрањо постојано апелира за мир и преговарачки решенија за конфликтите ширум светот, никогаш не занемарувајќи да ги спомене и да моли за оние кои страдаат од насилство и раселување во Украина по руската инвазија која започна во февруари 2022 година.

Светиот Отец, исто така, ги повтори апелите за прекин на огнот, за ослободување на заложниците и за влез на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот