Во писмото упатено до учесниците на 25. Светски конгрес на апостолатот на морето – Stella Maris, кој започна на 2 октомври 2022 година во Глазгов, папата Фрањо се осврна на милион и пол луѓе од тој сектор, кои живеат далеку од своите семејствата и заедниците долго време, а денес се борат против деградирачката средина која ја става во ризик нивната работа, сериозно загрозена од пандемијата.
По повод 25. Светски конгрес на апостолатот на морето – Stella Maris, кој ќе одржува од 2 до 5 октомври во Глазгов, Шкотска, Папата Фрањо ги поздрави присутните, воедно благодарејќи им за сведоштвото на верата и безбројните дела на благородност и милосрдие што – како што напиша – го искажаа бројни капелани и волонтери во изминатите сто години кон оние кои работат на нашите мориња и нашите пловни патишта, и за доброто на сите нас.
Да им служиме на оние кои егзистенцијата ја црпат од морето
Во писмото, Папата забележа дека организацијата Stella Maris се развила и станала многу распространета, обезбедувајќи духовна, психолошка и материјална помош, на бродовите и на копно, на безброј морнари и поморски персонал од различни националности и верски традиции. Тој потсети, дополнително, дека околу 90 % од стоката во светот се транспортира со бродови, што овозможува секојдневна работа на повеќе од еден и пол милион луѓе. Состојбата им се влоши поради пандемијата, а таа е на срцето на папата Фрањо, поради што тој уште еднаш ја изрази својата близина со нив.
Достоинство во поморската заедница
И покрај напредокот на технологијата – напиша Папата – многу поморски работници се изложени не само на предизвици поради одвојувањето од нивните земји на потекло, туку и продолжуваат да страдаат од низа неправедни работни услови и други скратувања. Сето ова – додаде тој – дополнително се влошува со последиците од климатските промени.
Освен тоа, штетата на морската средина, како и на другите, несразмерно ги погодува нашите најсиромашни и најранливи браќа и сестри, чија егзистенција дури и се заканува да ја изгубат. Затоа, верувам дека Stella Maris никогаш нема да се двоуми да привлече внимание на проблемите што им го одземаат човечкото достоинство на многумина во поморската заедница, кое им е дадено од Бога – истакна папата Фрањо и ја благослови работата на организацијата Stella Maris, изразувајќи надеж дека на овие, често заборавени, теми и услови за живеење, секогаш ќе им даваат големо внимание.
Ватикан њуз/к.мк