Папата Фрањо: Обединети во борбата против трговијата со луѓе

Трговијата со луѓе, дрогата, проституцијата и трговијата со органи се „вистински злосторства против човештвото и треба да бидат признати како такви и внесени од законите“. Тоа го истакна папата Фрањо во својот говор на самитот меѓу експерти за правда во областа на трговијата со луѓе и организиран криминал“, по иницијатива на Папската академија за социјални науки.

Папата истакна дека во позадината на глобализацијата на рамнодушноста, Црквата е повикана да се ангажира; Црквата не треба да влезе во политиката, туку треба да влезе во големата политика, бидејќи како што вели Павле VI политиката е една од највисоките форми на милосрдие“. Црквата пред сѐ – истакна папата Фрањо – „треба да биде верна на луѓето, уште повеќе ако живеат во драматични ситуации кои покренуваат прашања од етичка, социјална и религиозна природа“.

Светиот Отец потсети на важната улога во овие години на Папската академија за социјална наука, истакнувајќи ја посветеноста на академијата во последните неколку години на теми како што се борбата против трговијата со луѓе и новите форми на ропство, како што е присилна работа, проституцијата, трговијата со органи, дрогата и организираниот криминал, кои – рече Папата – се „вистински и реални злосторства како што ги нарече и Бенедикт XVI“.

Папата се заблагодари и на присутните судии, изразувајќи висока оценка за нивната „незаменлива мисија“ и ја истакна потребата и тешкотијата понекогаш, за судиите да бидат ослободени од притисокот на владите, од приватните институции и се разбира слободни во структурата на гревот, како што ја нарекуваше Иван Павле II, ослободени од организираниот криминал, од упатување на притисок и закани“. Папата Фрањо го осуди проблемот со корупцијата, истакнувајќи: “Сите знаат за карикатурата на божицата на правдата Темида со врзани очи и со превез кој паѓа и ја покрива нејзината уста“. Корупцијата е „еден од најголемите сегашни проблеми кој ја слабее демократијата и правдата“. За папата Фрањо „само во фигурата на судијата, правдата се признава како првиот атрибут на општеството“.

Папата ја истакна и постојната „важна синергија со ООН за спроведување на деликатниот човечки и христијански проект за ослободување на човештвото од трговијата со човечки суштества и организираниот криминал“. Светиот Отец изрази пофалби за неодамнешното едногласно одобрување на новите цели на долготраен и целосен развој, посебно до 2025 година да се искорени детскиот труд и врбувањето на деца-војници.

Светиот Отец го насочи вниманието и кон реинтеграцијата на оние кои погрешиле во општеството. „Кога зборуваме за правда ја немаме во предвид само казната како цел сама за себе, туку како превоспитување, па кој погрешил да се реинтегрира во општеството. Не постои валидна казна без надеж. Казна затворена во себе и што не е поврзано со надеж не е казна“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот