Оваа 2017 година за папата Фрањо беше многу интензивна и исполента со многу настани, патувања и средби. Ќе издвоиме само некои од нив, кои можеби најсилно ја одбележаа годината која помина. Светиот Отец оваа 2017 година ја започна со средба одржана на 5 јануари во салата Павле VI со 7.000 жители од Италијанските покраини Лацио, Умбрија и Марче, кои во август и октомври 2016 година беа погодени од силен земјотрес. На 14 јануари во Ватикан го прими палестинскиот претседател Махмуд Абаз, кој после тоа ја отвори канцеларијата на палестинската амбасада при Светиот Престол.
Февруари – На универзитетот и кај англиканците
Во февруари 2017 година, папата Фрањо го посети римскиот универзитет Рома Тре и прв пат влезе во еден јавен универзитет. Во таа прилика рече дека универзитетот е место на дијалог во различостите, на кој треба да се разговара за интеграцијата, бидејќи миграциите не се опасност, туку предизвик со цел за раст – рече Папата. Десет дена покасно Светиот Отец стана прв Папа кој ја посети англиканската Црква „Сите светии“ во Рим, каде пак истакна дека екуменскиот дијалог се води во чекорење.
Март – Европо, сети се на своите христијански корени
На 24 март во пресрет на прославата од 60 години на Римскиот договор, со кој се зацврстени темелите на Европската заедница, лидерите на Стариот континент се сретнаа со Папата, кој ги потсети на основните вредности, од единство до солидарност, од семејство до помош на младите.
Април – Воскреснат и оотфрлен камен
На крајот од традиционалниот Крстен пат на Колосеумот, 14 април, папата Фрањо се задржа во длабока молитва: Се враќаме на Тебе, со спуштен поглед од срам, и срце полно со надеж – рече Папата откако најпрво ги наброја тежината кои ја притискаат човечката совест. За време на светата Миса на Велигден, која ја служеше на плоштадот Свети Петар, Папата истакна дека Исусовото воскресение е таинство на отфрлен камен, кој на крајот станува темел за нашиот живот.
Мај – средба со Трамп
На 4 мај Папата ги прими во аудиенција учесниците на првото генерално собрание на Секретаријатот за комуникации и во таа прилка истакна дека реформата не значи само малку да се избојат работите. На 24 мај, дваесет дена покасно, папата Фрањо се сретна со новиот американски претседател Доналд Трамп. Меѓу темите за разговор беше и заземањето на Црквата во САД за мигрантите, состојбата на Блискиот Исток и заштитата на христијаните од заканите на терористите.
Jуни – Светиот Дух ја поврзува различноста
Околу 50.000 верници, членови на католичката Харизматска обнова, која слави 50 години од формирањето, го анимираа бдението во предвечерието на празникот Педесетница, кое се одржа на 3 јуни на некогашното тркалиште Circo Massimo во Рим. Нив Папата ги потсети дека простувањето е најголем дар од Светиот Дух.
На 10 јуни Светиот Отец во Претседателската палата во Квирнал се сретна со претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела и ја повика земјата на меѓусебна соработка и заеднички иницијативи, како би се поттикнале процеси со цел да се дадат нови можности за достојна работа.
Први кардинали од Лаос до Салвадор
Една седмица покасно Папата ја прими германската канцеларка Ангела Меркел, со која се разговараше околу одговорноста на меѓународната заедница во борбата против сиромаштвото и гладот, општите закани од тероризам и климатските промени. Во попладневните часови на 28 јуни во предвечерието на празникот светите Петар и Павле, папата Фрањо го предводеше конзисториумот за именување на пет нови кардинали, први од Лаос, Мали, Шведска и Салвадор.
Октомври – Словото напредува и расте
На 11 октомври Папата зборуваше на еден собир по повод 25 годишнината од апостолската конституција ‘Fidei Depositum’, која го пропрати објавувањето на Катехизмот на Католичката Црква, и тогаш истакна дека традицијата е жива реалност, Божјото Слово не може да се чува во нафталин, туку тоа напредува и расте.
Ноември – бели рози на гробовите
На Задушница папата Фрањо најпрво се задржа меѓу гробовите, а потоа служеше света Миса на американските гробишта во Нетун, недалеку од Рим, каде почиваат загинати од Втората светска војна. Освен тоа ја посети и Ардеатанската јама во Рим, каде се помоли и положи бели рози на неколку гробови од 335 жртви на крвопролевањето, војници и цивили, кои на 24 март 1944 година се убиени како освета од нацистите.
Нуклеарното оружје, логика на стравот
На 10 ноември 2017 година примајќи ги учесниците на меѓународниот симпозиум за нуклеарното разоружување, организиран од новата Дикастерија за промовирање на целосен човечки развој, папата Фрањо одлучно го осуди нуклераното оружје, кое служи на логиката на страв.
РВ/к.мк