Папата Фрањо: Не можам да го замислам Блискиот Исток без христијани

Не можам да го замислам Блискиот Исток без христијани – е една од силните пораки од говорот на папата Фрањо во четврток 21 ноември, обраќајки им се на учесниците на општото собрание за Источни Цркви. Светиот Отец ги поттикна верниците и понатаму да молат за мир на Блискиот Исток, а посебно во Сирија и Светата Земја. Христијаните во Исусовата земја нека живеат во мир. Светиот Отец ја искористи оваа аудиенција за да го повтори својот апел до христијаните на Блискиот Исток, кои поднесуваат тешки последици од судирот кој е во тек. Живеат како мало стадо, во средини во кои преовладува непријателство, судири, но и прекриени прогонства. Низ Сирија, Ирак, Египет и Светата Земја течат солзи – напомна папата Фрањо и додаде:

Римскиот епископ нема да има мир сѐ додека таму има мажи и жени, од било која религија, на кои им е загрозено нивното достоинство, на кои им недостасува она што им е потребно за преживување, на кои им е одземена иднината и кои се принудени да живеат во услови на бегалци и прогонети.

Поради тоа, заедно со пастирите на Источните Цркви, упатуваме апел за почитување на правото за достоинствен живот за сите луѓе и на слободно исповедување на сопствената вера – истакна Папата. Нема да се помириме со помислата Блискиот Исток без христијани, кои веќе две илјади години таму ја исповедуваат својата вера во името Исусово, вклучени како полноправни грѓани во општествениот, културниот и верскиот живот на народите на кој припаѓаат.

Истакнувајќи потоа дека секој католик е должен да покаже признание на Црквите кои живеат на тие простори, папата Фрањо рече дека од нив, меѓу останатото, можеме да научиме да бидеме трпеливи и истрајни во секојдневното живеење на екуменскиот дух и меѓурелигиски дијалог, иако понекогаш е многу тешко. Поради географскиот, историскиот и културнииот контекст во кои живеат веќе со векови, тие Цркви се природни соговорници на бројните христијански вероисповеди и други религии – истакна Светиот Отец.

Освен до христијаните своите мисли Папата ги упати и до сите народи на Блискиот Исток, а посебно до оние најмалите и најслабите. И понатаму да бидеме внимателни, на библиската утринска стража, сигурни дека Господ нема да ја скрати својата помош – рече папата Фрањо и се обрати до целата Црква, повикувајќи ја на молитва, која од милосрдниот Бог знае да измоли помирување и мир. Молитвата го разоружува незнаењето и воспставува дијалог таму каде што има судири. Ако молитвата биде искрена и постојана, ќе го направи нашиот глас благ и одлучен, за да можат да го слушнат и водачите на државите – истакна папата Фрањо.

Папата се спомна и на Ерусалим, каде духовно сме родени и изрази надеж и мир, молеше за застапништво, посебно од блажениот Ивана XXIII и Иван Павле II, како и за застапништвото на Блажена Дева Марија.

Од друга страна Светиот Отец пак ја истакна новата живост на Источните Цркви, кои беа долго потчинети на комунистичките режими. Освен тоа Папата напомна дека разнолискоста вдахната од Духот нѐ штети на единствотото, туку напротив му користи; Соборот ни зборува дека таа разноликост е потребна за единство – истакна Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот