Папата Фрањо: Неможе да се дискутира за важните вистини за семејството

За важните вистини за семејството не може да се дискутират, истакна папата Фрањо во писмото до надбискупот Винченцо Паљи, претседател на Папскиот совет за семејството, по повод Светската средба на семејствата. Средбата на која ќе биде присутен и Светиот Отец, ќе се одржи во Филаделфија, САД, од 22 до 27 септември следната година, на тема „Љубовта е нашето послание. Целосно живо семејство“. Семејството не може да го означиме со идеолошки поими. Не можеме да зборуваме за конзервативно или напредно семејство. Семејство си е семејство! – истакна Папата.

Вредностите и крепостите на семејството, нејзините важни вистини, се упориште на кое се потпираат семејните јадра, и за нив не може да се дискутира. Напротив, истакна Светиот Отец, повикани сме да размислуваме за нашиот начин на живот, кој секогаш е изложен на опасност од световните „зарази“ како што е индивидуалистичкиот, консумирачкиот и хедонистичкиот менталитет и повторно да го пронајдеме главниот пат за да живееме и ја покажеме големината и убавината на бракот и радоста на семејството.

Спомнувајќи дека посланието на христијанското семејство, денес како и вчера е да се навестува на светот Божјата љубов, и тоа со силата на брачната Света Тајна. Токму од тоа навестување се раѓа и изградува живото семејство, кое е огниште на љубов и го става во центар целиот свој човечки и духовен живот.

Упатствата во Завршниот документ од неодамнешната Синода, како и тие што го водат одот кон следната редовна Синода, која ќе се одржи во октомври 2015 година, нè поттикнуваат и понатаму да се залагаме во навестувањето на Евангелието на бракот и семејството и да ги пробаме пасторалните предлози во општествените и културните прилики во кои живееме, истакна Светиот Отец и додаде дека во тој контекст, предизвиците нè поттикнуваат на ширење на просторот за верна љубов отворен кон животот, заедништвото, милосрдието, споделувањео и солидарноста. Папата Фрањо затоа ги повикува сопружниците, свештениците и парохиските заедници, како и движењата и здруженијата, да дозволат да бидат водени од Словото Божјо, врз кои се темелите на градењето на семејството како куќна Црква и Божје семејство (Lumen gentium, 6; 11).

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот