Светиот Отец на Бадник 24 декември 2020 година ја предводеше Полноќната света Миса во ватиканската базилика Свети Петар во апсидата зад главниот олтар.
„Син ни се даде“, рече Папата на почетокот и нагласи уште неколку пати во текот на хомилијата. „Често знаеме да кажеме дека најголемата радост во животот е раѓањето на дете“ – продолжи додавајќи дека тој настан сè менува.
Светиот Отец истакна дека Исус се роди за сите, а неговото раѓање е новост која овозможува секоја година одново да се раѓаме од внатре и во Него да пронаоѓаме сила за соочување со секое искушение. Синот Божји е благословен по природа, дојде луѓето да ги направи благословени преку благодатите.
Светиот Отец нагласи дека Бог не дал било што, туку својот Единороден Син – „целата своја радост.“ Меѓутоа „ако ја погледнеме човечката неблагодарност кон Бог и неправедноста кон толку браќа се појавува сомнежот: Дали Бог направил добро дарувајќи ни толку многу, дали е во право што и понатаму ни верува?“ праша одговарајќи дека Бог тоа го прави затоа што нè љуби до крај. „Не може да нè не љуби. Таков е, многу е поинаков од нас“ – рече паата Фрањо, кажувајќи дека Бог знае дека можеме да се спасиме единствено ако се излекуваме одвнатре и љубиме.
Потоа праша зошто Синот Божји се роди во мрачна штала, кога заслужил да се роди како најголем цар. „За да сфатиме колку љуби човековата состојба“, одговори и додаде дека Бог со својата конкретна љубов ја допира нашата најлоша беда. „Синот Божји е роден отфрлен за да ни каже дека секоја отфрлена личност е дете Божјо.“
„Го ставил целото наше спасение во шталските јасли и не се плаши од нашето сиромаштво: да дозволиме неговото милосрдие да ја преобрази нашата беда!“
Папата потсети дека Исус се роди во јаслите во Витлеем кој значи Куќа на лебот за да нè потсети дека тој е неопходен за живеење како лебот за исхраната. „Колку пати наместо со тоа, со гладни забави, успех и световност го храниме животот со храна која не заситува, туку остава празнина во внатрешноста?“ Предупреди дека сме заситни и дека се фрламе „на многу јасли на празнина, заборавајќи ги јаслите во Витлеем.“
Потоа Светиот Отец се осврна на грижата и вниманието кои на секое дете се потребнои Бог се роди како дете за да нè поттине да се грижиме за другите.“
„Бог се населува блиску до нас, сиромашен и во потреба, за да му кажеме колку го љубиме служејќи им на сиромашните.“
Светиот Отец хомилијата ја заврши со молитвата: „Ти си Исусе Син кој мене ме прави син. Ме сакаш онаков каков што сум, а не каков што сонувам да бидам. Прегрнувајќи те Тебе Дете во јаслите повторно го прегрнувам својот живот. Те поздравувам Леб на животот и јас сакам да го дарувам својот живот. Ти кој ме спасуваш, научиме да служам. Ти Кој не ме оставаш сам, помогни ми да ги утешувам твоите браќа затоа што од вечерва сите се мои браќа.“
Ватикан њуз/к.мк