Папата Фрањо на Ангел Господов: Нашиот Бог е полн со изненадувања

Папата Фрањо на Ангел Господов: Нашиот Бог е полн со изненадувања

Господ денес нѐ поттикнува за став на вера, која ги надминува нашите проекти, сметки и прогнози – истакна папата Фрањо за време на пладневниот наговор за време на молитвата Ангел Господов, која ја одржа на 17 јуни 2018 година во Ватикан. Тој размислуваше за Евангелието според Марко 4,26-34, во кое Исус со помош на кратки параболи настојува на своите ученици да им го приближи Царството Божјо и динамиката на неговиот раст.

Бог спасува секогаш

Во правата парабола Исус зборува дека Царството Божјо прилега на човек што фрлил семе в земја, па спие и станува ноќе и дење; а како никнува и како расте семето, тој не знае. Зашто земјата сама од себе донесува плод, најнапред трева, па клас, а потоа и полно зрно во класот. А кога узрее плодот, одеднаш испраќа срп, зашто дошло времето за жетва” (Марко 4,27-29)

Папата истакна дека пораката од парболата е следна: Со Исусовото проповедање и делувањето се навествува Царството Божјо, она што влегло во полето на светот и расте и се развива од себе во склад со сопствените критериуми, кои за човекот се неразбирливи. Тоа во својот раст и никнење во историјата не зависи толку од делувањето на луѓето, туку пред сѐ е израз на Божјата моќ и добрина, делувањето на Светиот Дух, кој го носи напред христијанскиот живот  во Божјиот народ – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо напомена дека понекогаш изгледа дека историјата со своите настани и протогонисти оди во спротивен правец од планот на Отецот небесен, кој сака правда, братство и мир за сите свои деца. Но ние сме повианни да ги живееме овие времиња како период на искушение, надеж и идното очекување на жетвата.

Всушност, како вчера, така и денес Царството Божјо расте во светот на таинствен, изненадувачки начин и ја открива сокриената сила на малото семе, неговата победничка живост – истакна Папата и продолжи: Во личните и општествените промени настаните понекогаш како да означуваат бродолом за надежта и тогаш треба да продолжиме понизно да се надеваме во моќното Божјо делување. Од таа причина во моментите на темнина и тешкотии не смееме да се откажеме со духот, туку да останеме закотвени во верноста кон Бог, во неговата присутност која секогаш спасува. Запаметете го ова: Бог секогаш спасува. Тој е спасител – нагласи Светиот Отец.

Непрдвидлива Божја логика

Во другата парабола Исус зборува дека Царството Божјо е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни;. а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески” (Марко 4,31-32). Папата Фрањо рече дека не ни е лесно да ја сфатиме таа Божја логика на непрдвидливост и да ја прифатиме во нашиот живот.

Меѓутоа Господ денес нѐ повикува за став на вера која ги надминува нашите проекти, сметки и прогнози – истакна Светиот Отец и продоложи: Бог е секогаш Бог на изненадувања. Станува збор за повик великодушно да се отвориме на Божјите планови, како на лично ниво, така и на ниво на заедницата. Во нашите заедници треба да бидеме внимателни на малите и големите можности за правењедобро, кое Господ ни го нуди, така што ќе дозволиме да бидеме водени од неговата динамика на љубов, прифаќање и милосрдие кон сите.

Автентичноста на посланието на Црквата не се остварува по успехот или резултатите, туку кога храбро ќе се оди напред со надеж и понизно препуштање на Бог. Тоа е свесноста дека сме мали и слаби орудија кои во Божјите раце и помошта од неговата милост може да направи големи дела, носејќи го напред неговото Царство, кое е правда, мир и радост во Светиот Дух. Нека Девица Марија ни помогне да бидеме едноставни и понизни како би можеле со својата вера и своето делување да соработуваме во развојот на Царството Божјо во срцата и во историјата – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот