Папата Фрањо на 28 јуни 2108 година, пред празникот на светите апостоли Петар и Павле во Ватикан ја прими делагацијата на екуменскиот патријарх Вартоломеј и Светиот Синод, и истакна дека нивната посета на главните заштитници на Црквата е знак на поголемо заедништво кое ги поврзува Католичката црква и Екуменскиот патријархат.
Сеќавањето на апостолите, нивното учење и сведочење значи сеќавање на заедничките корени врз кои израснале нашите сестрински Цркви, но и стануваат посвесни за заедничкото послание во служба на Евангелието како би создавале ново човештво отворено за Бог – рече папата Фрањо на претставниците на Екуменскиот патријархат.
Во многу општества, кои традиционално се нарекуваат христијански, покрај светлите примери на верност кон Исус Христос, сведоци сме на зголемена конфузија на христијанската вера, која не влијае повеќе врз изборот на поединецот и на јавните одлуки – рече Светиот Отец и продолжи: Презирот на достоинството на човечката личност, идолопоклонството на парите, ширењето на насилството, апсолутизирање на науката и технологијата, безобѕирно искористување на природните ресурси, се само некои од тешките знаци на трагичната реалност, со која не можеме да се помириме.
Постојат алтернативи облици за развој
Потполно се согласувам со екуменскиот патријарх Вартоломеј кој во својот говор за време на неодамнешната посета во Рим, каде учествува на меѓународната конференција за „Нови правила и начини на живот во дигиталното време“ истакна: „Го отфрламе циничкиот израз ‘нема алтернатива“ – напомена папата Фрањо и додаде: Неприфатливо е алтернативните облици за развој и силата на општествената солидарност и правда да бидат занемарени и клеветени. Нашите Цркви може да создадат нови можности за преобразба за нашиот свет. Имено, самата Црква е настан на преобразување, меѓусебно делење, љубов и отвореност. Во нашите Цркви ја доживуваме блажената сигурност дека иднината не припаѓа на она „да се има“, туку „да се биде“, не на „алчноста“, туку на „делењето“, не на индивидуализмот и себичноста, туку на заедништво и солидарност; не на подлебата, туку на љубовта.
Конкретна соработка меѓу двете Цркви
Со утеха заблежувам дека тој складен став со драгиот брат Вартолоемј се претвора во конкретна заедничка работа – рече Папата и истакна: Во текот на минатите месеци Екуменскиот патријархат и Католичката црква соработуваа во активности кои се занимаваат со теми од посебна важбост како што се борбата со модерните облици на ропство, заштита на создаденото, потрагата по мир. Во таа смила, искрено сум благодарен на неговата светост Вартоломеј што веднаш го прифати мојот повик да се сретнеме на 7 јули во Бари, заедно со поглаварите на Црквите и христијанските заедници од Блискиот Исток како би молеле и размислувале за тешките услови кои ги мачат бројните браќа и сестри од тоа подрачје.
Сакам да има повеќе можности во кои ние католиците и православните на сите нивоа ќе работиме заедно, заедно ќе молиме, заедно ќе го навестуваме истото Евангелие на нашиот Господ Исус Христос, кое го примивме според преданието на апостолите, за да што повеќе на тој заеднички пат би го доживувале единството, кое преку Божјата милост веќе нѐ обединува – рече на крајот Светиот Отец.
Ватиканњуз/к.мк