Папата Фрањо: Кардинал Хусар беше учител на мудроста

Папата Фрањо: Кардинал Хусар беше учител на мудроста

Поранешниот поглавар на Украинската Источно католичка Црква кардинал Љубомир Хусар почина на 31 мај 2017 година во Киев, во 85 година од животот после тешко боледување. По тој повод папата Фрањо упати лично писмо на наследникот на кардиналот Хусар, големито надбискуп Свјатослав Шевчук.

Во неговиот роден Лавов, каде што долги години беше архиепископ, 1 јуни е прогласен за ден на жалост. Погребните обреди се одржаа на 5 јуни 2017 година во главниот град на Украина, Киев.

По тој повод папата Фрањо упати лично писмо на наследникот на кардиналот Хусар, големиoт архиепископ Свјатослав Шевчук, во кое изразува желба да биде меѓу оние кои го молат Отецот небесен „за избраната душа нашиот брат кардинал.“ Светиот Отец напоменува дека голем број луѓе искажале почит на поранешниот поглавар на Украинската Источно католичка Црква. Тоа е очигледен показател дека кардиналот бил еден од најголемите и најценетите морални авторитети на украинскиот народ во последните неколку децении.

Папата ги спомнува напорите на кардиналот да се надмине наследството на „катакомбите“, на кои украинскиот народ бил присилен заради прогонот. Таа задача ја остварува не само со обнова на црковните структури, туку посебно со радоста на својата приказна, заснована на верата која претрпела многу болки и неволји.

Светиот Отец истакнува дека кардинал Хусар бил „учител на мудроста“ со која на луѓето им зборувал со едноставни, а повторно длабоки зборови. Неговата мудрост била таа од Евангелието, лебот Словото Божјо кое се прекршува за едноставните, трпејќи за сите оние кои биле во потрага за достоинство. Откако ја довршува својата служба на „oтец и поглавар“ на Украинската Источно Католичка Црква и кога го зафаќа болеста и староста, присуството на кардинал Хусар станало поинтензивно и побогато. Молеше за сите, а кога зборуваше, сите чувствуваа дека им зборува христијанин, Украинец, кој бил страстен кога станувало збор за неговиот идентитет, кој секогаш бил полн со надеж, отворен за Божјата иднина. Светиот Отец го пофалува заради топлината на неговата човечност и исклучителната добрина, а посебно заради неговите способности да се сретне и да комуницира со младите.

Ме трогна помислата дека цела Украина плаче за него – продолжи папата Фрањо – а исто така дека многу луѓе се уверени дека веќе се наоѓа во прегратката на Отецот Небесен. Сигурно дека преку примерот на неговиот веродостоен и доследен живот и понатаму ќе има корист од неговото застапништво со кој ќе продолжи да го штити својот народ кој и понатаму страда, а повторно е уверен дека љубовта Христова не разочарува. Светиот Отец го завршува писмото изразувајќи благодарост заради единственото верско и општествено присуство на кардиналот во украинската историја, поттикнувајќи ги верниците да останат верни на неговото учење и целосно предавање на Провидноста.

Додаваме дека Синодот во 2001 година го именуваше монс. Љубомир Хусар за голем архиепископ на Лавов и со тоа поглавар на Украинската католичка Црква со византиско-словенски обред, а папата Иван Павле II само месец дена подоцна го именува за кардинал. Во текот на неговата служба следуваше во 2005 година преместување на традиционалното епископско седиште од Лавов во украинскиот главен град Киев. Кардинал Хусар во службата од март 2011 година го наследи Свјатослав Шевчук. Кардинал Љубомир Хусар бил познат по заземањето за единство на христијаните во Украина и дијалог со другите вероисповеди и религии.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот