Папата Фрањо и Махмуд Абас: Да се промовира човечкото братство во борбата против екстремизмот

Папата Фрањо и Махмуд Абас: Да се промовира човечкото братство во борбата против екстремизмот

Папата Фрањо на 4 ноември 2021 година во аудиенција го прими палестинскиот претседател. Во средиштето на средбата, шеста одржана во Ватикан, беа добрите односи меѓу страните, но и состојбата на односите меѓу Израелците и Палестинците, како и потребата од промовирање мирен соживот меѓу религиите. Ерусалим треба сите да го признаат како место на средба, а не како место за конфликт.

Односите меѓу Светиот Престол и државата Палестина, израелско-палестинскиот мировен процес, потребата од дијалог меѓу страните се дел од темите во центарот на средбата меѓу папата Фрањо и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.

За време на разговорите, според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, се истакнати добрите односи меѓу Светиот Престол и државата Палестина, а се разговарало и за билатерални прашања од заеднички интерес. На состаноците е препознаена потребата да се промовира човечкото братство и мирниот соживот меѓу различните религии. Што се однесува до мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците, соговорниците инсистираат на апсолутна потреба од обнова на директниот дијалог за да се дојде до решение за двете држави, исто така со помош на поголема вклученост на меѓународната заедница.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека Ерусалим треба да биде признат како место за средба, а не на конфликт и дека неговиот статус треба да го зачува идентитетот и универзалната вредност на светиот град за сите три авраамски религии, исто така преку посебен меѓународно загарантиран статус. На крајот од соопштението, се истакнува дека на средбите се разговарало за итно ангажирње за мирот, избегнувањето на употребата на оружје и борбата против сите форми на екстремизам и фундаментализам.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот