Папата Фрањо: Исусовата понизност е пат по кој христијанинот треба да оди

Папата Фрањо: Исусовата понизност е пат по кој христијанинот треба да оди

Во пладневниот наговор, папата Фрањо ги поттикна верниците да ја навестуваат бесконечната љубов на Отецот и да го слават денот на своето крштение

На празникот Крштение Господово повторно го откриваме своето крштение, на чиј датум често не се сеќаваме, додека датумот на раѓањето го паметиме. Затоа повикот на папата Фрањо во пладневниот наговор, во недела на 12 јануари 2020 година, на денот кога во Сикстинската капела крсти 32 деца повика секоја година да го славиме во срцето датумот на своето крштение, затоа што тоа е – како што рече, должност на праведност кон Господ кој толку е добар кон нас.

Да се навестува љубовта на Отецот

Како што Исус е љубен Син на Отецот, така и ние повторно родени од вода и Дух Свети знаеме дека сме сакани деца, браќа на голем број браќа, на кои им е дадено важно послание за сведочење и навестување на бескрајната љубов на Отецот на сите луѓе – објасни Папата. Имено, Отецот во Исус ја објавува својата милина, додека Духот слегнува на Него во моментот на крштението на реката Јордан.

Бог на изненадувањата

Месијата не треба да биде прочистен – истакна Папата, затоа што Он е Тој Кој прочистува, а од Неговата одлука да ја прими светата Тајна е изненаден Крстителот. Но, Бог е свет, Неговите патишта не се наши, Исус е Божјиот пат, непредливлив пат. Да запамтиме дека Бог е Бог на изненадувањата – рече папата Фрањо.

Исус е на Божјата страна и на страната на луѓето

За Иван одалеченоста помеѓу него и Исус е голема, непремостлива, толкава што како што самиот вели дека не е достоен ремењата да му ги одврзе на обувките. Меѓутоа, Синот Божји дојде токму за да ја премости одалеченоста помеѓу човекот и Бог – рече Папата. Имено, ако Исус целосно беше на Божјата страна, тогаш целосно е и на страната на човекот и го спојува она што било поделено. Месијата бара крштение за да се исполни целата праведност, односно за да се оствари планот на Отецот кој поминува по патот на послушноста на Син и солидарност со слабиот и грешен чвек. Тоа е патот на понизноста и целосната Божја близина со своите деца.

Предлага, не наметнува

И пророкот Исаија ја навестува праведноста на Слугата Божји кој своето послание го остварува во светот на начин спротивен на световниот дух – рече Папата и објасни: „Нема да викне, ниту да го подигне гласот Свој, нема да дозволи да го чујат на улиците; скршената трска нема да ја здроби, и ленот што тлее нема да го угасне; ќе суди според вистината“ (Исаија 42, 2-3). Тоа е однесување на благост; со тоа Исус нè учи на својата понизност и благост; на однесување на едноставност, почитување, умереност и сокриеност нешто што и денес го бара од учениците Господови.

Жалосно е тоа да се каже, но колку Господови ученици се прават важни со тоа што се Господови ученици. Не е добар ученик оној кој се прави важен. Добар ученик е оној кој е понизен, благ, оној кој прави добро, оној кој не се прави важен. Добар ученик е оној понизниот, благиот, оној кој прави добро не дозволувајќи да се виде – рече Папата. Во мисионерското делување, христијанската заедница е повикана да оди во пресрет на другите секогаш предлагајќи, а не наметнувајќи и давајќи сведоштво и не учествувајќи во конкретниот живот на луѓето – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот