Светиот Отец на 5 јули 2018 година го именува Паоло Ругини за нов раководител на Дикастеријата за комуникации
Папата Фрањо го именува Паоло Руфини за нов раководител на Диакстеријата за комуникации. Паоло Руфини е роден на 4 октомври 1956 година во Палермо на Сицилија. Завршува студии по право на римскиот универзитет „La Sapienza“, а професинално со новинарство се занимава од 1979 година. Има работено за наполскиот весник Il Mattino (1979-1986), а потоа за римскиот весник Il Messaggero (1986-1996). Исто така има работено на радио Giornale Radio Rai (1996-2002), Canale Gr Parlamento (1998-2002), Radio 1 (1999-2002) i Inblu Radio (2014-2018). Има работено за следните телевизи: Rai3 (2002-2011), La 7(2011-2014) и за Tv2000 (2014-2018), телевизија на Италијанската бискупска конференција, каде има работено како директор.
Добитник е на бројни новинарски награди, а има учествувано и на многу конференции за улогата на комуникациската етика, новите медиуми и улогата на христијаните во медиумите. Исто така Паоло Руфини од 1986 година е во брак со Марија Аргенти.