Папата Фрањо: Имам намера да подготвам Апостолски поттик посветен на децата

Папата Фрањо: Имам намера да подготвам Апостолски поттик посветен на децата

На крајот од самитот за правата на децата, кој се одржа во понделник 3 февруари 2025 година во Ватикан, папата Фрањо ја најави својата желба да продолжи со обврската преземена на тој настан да објави текст кој во иднина ќе биде објавен. Светиот Отец им се заблагодари на сите говорници кои ја претвроија Апостолската палата во „опсерваторија“ отворена за реалноста на ранетите, експлоатираните и скратените детства.

„Имам намера да подготвам писмо, поттик посветен на децата“. Ова го соопшти папата Фрањо на крајот од денот исполнет со содржини, идеи, размислувања, апели и пораки, на свршетокот од Меѓународниот самит за правата на децата, кој на барање на Папата и организиран од Папскиот одбор за Светскиот ден на детето, се одржа во Ватикан во понеделник 3 февруари 2025 година. Откако го отвори денот со долгиот говор во кој уште еднаш ја истакна важноста на животот, детството, соништата, па дури и детскиот молк, Папата ја заврши работата на собирот со најава за научителски текст кој – како што рече – може да „даде континуитет“ на посветеноста на која поттикна и да се промовира во целата Црква.

Ватикан претворен во опсерваторија и лабораторија

Светиот Отец изрази благодарност за оваа средба, која ги претвори салите на Апостолската палата во „опсерваторија“ отворена за реалноста на детството ширум светот. Детствата што ги покажува денешната ера се сé освен сакани и заштитени, но најмногу ранети, експлоатирани и скратени – нагласи Папата. Вашето присуство, вашето искуство и вашето сочувство – истакна тој, обраќајќи им се на учесниците на собирот – ја поттикнаа опсерваторијата и пред се лабораторијата. Бројни тематски групи развија предлози за заштита на правата на децата, сметајќи ги не како бројки, туку како лица. Сето тоа го прославува Бога и Нему Му ги доверуваме, за Неговиот Свет Дух да го направи роден и плодоносен – рече Папата.

„Децата не гледаат“

Потоа го цитираше отец Ибрахим Фалтас, викар на Кустодијата на Светата Земја, кој зборуваше на собирот. Папата истакна дека особено го погодила реченицата: „Децата нé гледаат“. Така беше и насловот на познатиот филм: Децата не гледаат – додаде тој, мислејќи на филмот на Виторио Де Сика од 1944 година. Децата гледаат во нас да видат како напредуваме во животот – нагласи папата Фрањо, а пред крајот на настанот прв се потпиша на Документот составен на крајот на денот во кој со 8. точки се утврдени обврските кон малолетниците.

Писмо од децата

На почетокот на попладневната сесија, Папата сакаше да прочита некои извадоци од писмото испратено од група деца од католичките училишта во Рим, од индонезиската заедница и од училиштата за мир на заедницата Свети Егидиј и Аксилиум, кое му беше предадено заедно со уште неколку цртежи.

Почитуван папа Фрањо, ви пишуваме во името на децата од целата Земја – се вели во писмото што го прочита Папата. Сакаме да ви се заблагодариме што се грижите за нас и нашата иднина, што нè сакате и нè заштитувате. Премногу деца страдаат поради глад, поради војна, поради различна боја на кожата, поради еколошки катастрофи. Би сакале поправеден свет, без поделби меѓу народите, меѓу богати и сиромашни, меѓу млади и стари – напишаа децата. Свет кој е исто така почист, каде што загадувањето не ги уништува шумите, не ги валка морињата и не убива толку многу животни; „Сфативме дека е поважно да се спаси Земјата отколку да се има многу пари“, стои во писмото.

Осми Апостолски поттик во понтификатот

Апостолскиот поттик за децата кој го најави папата Фрањо ќе биде осмиот Апостолски поттик во неговиот понтификат, почнувајќи од Evangelii Gaudium во 2013 година и завршувајќи со C’est la confiance во 2023 година. Папата ќе им посвети и цел јубилеен настан на децата на 24 и 25 мај, во пресрет на второто издание на Светскиот ден на детето, ден посветен на нив, по првото одржано во мај минатата година на Олимпискиот стадион во Рим. Тоа беше и повод во кој Папата повтори дека во овој свет на војни секогаш е можно да се постигне мир. И ова се заснова токму на придонесите на најмалите, на нивните потреби, на нивните желби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот